Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Украинците првпат заробија севернокорејски војник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Украинците првпат заробија севернокорејски војник
СВЕТ

Украинците првпат заробија севернокорејски војник

Објавено December 27, 2024 09:40
Сподели
Сподели

Припадниците на украинските специјални сили вчера заробија севернокорејски војник во борбите со руските сили во областа Курск. Оваа информација доцна синоќа се прошири преку проукраинските канали на социјалните мрежи, а утринава ја потврди и јужнокорејската разузнавачка агенција.

Се верува дека војникот е првиот севернокорејски воен затвореник заробен од декември, кога Пјонгјанг испрати свои војници во Русија за да помогнат во војната против украинските трупи во рускиот регион Курск.

Потврдата од Јужна Кореја дојде откако на Телеграм кружеше фотографија на која очигледно се гледа ранет и заробен севернокорејски војник. Северна Кореја испрати повеќе од 10.000 војници за да и помогне на Русија, тврдат Киев и Сеул, иако ниту Москва ниту Пјонгјанг не го потврдија или негираа нивното присуство.

Ова е прво фаќање“, изјави за Би-Би-Си Јанг Ук, научен соработник во Азискиот институт за политички студии. За Украинците е покорисно да ги фатат овие севернокорејски војници и да се обидат да ги разменат со Русите за украински воени заробеници.

Неодамнешните фотографии кои се појавија од руско-украинската војна ги потврдија шпекулациите дека „севернокорејските сили ќе бидат испратени на фронтот од руската команда во голем број“, додаде Јанг. Тој исто така додаде дека „ќе биде тешко да се докаже нивната севернокорејска националност“.

Украинските сили велат дека на севернокорејските војници им биле издадени лажни руски лични карти, а украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно овој месец тврдеше дека руски војници биле видени како ги палат лицата на севернокорејците кои загинале во борба, наводно за да го сокријат нивниот идентитет.

Повеќе од 3.000 севернокорејски војници се убиени или ранети во борбите во областа Курск во Русија, изјави Зеленски во понеделникот. Тој додаде дека соработката меѓу Москва и Пјонгјанг го зголемува „ризикот од дестабилизација“ околу Корејскиот полуостров.

Русија започна сеопфатна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Неодамнешното распоредување на севернокорејски трупи во Русија е знак за растечкиот сојуз меѓу двете земји.

Кина, долгогодишен сојузник на двете страни, исто така внимателно ја следи ситуацијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Енис Барди се сели кај Ристовски и Адеми
Следна Статија Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кој би можел да биде новиот лидер на 1,4 милијарди католици? Ова се најверојатните кандидати за нов папа

Папата Франциск почина во Ватикан на 88-годишна возраст, а по погребот ќе биде организирана конклава на која ќе се избира…

April 21, 2025
СВЕТ

(Видео) Драма во Париз: голем пожар ја зафати општинската зграда, снимката е застрашувачка

Голем пожар избувна во раните утрински часови во општинската зграда на 12-от арондисман во Париз, а локалните медиуми објавија дека…

January 27, 2025
СВЕТ

Идентификувани 113 пoвредени во пожарот во Швајцарија, меѓу нив и од Србија и БиХ

Смртоносниот пожар што избувна во бар во швајцарското алпско одморалиште Кран Монтана за време на прославата на Новата година, во…

January 3, 2026
СВЕТ

Што се случува во Лос Ангелес?

Трет ден по ред, Лос Анџелес е место на протести против репресијата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп против…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?