Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УСАИД го кеширал Сорос за соборување на власта во Македонија и поддршка на левичарски агенди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > УСАИД го кеширал Сорос за соборување на власта во Македонија и поддршка на левичарски агенди
СВЕТ

УСАИД го кеширал Сорос за соборување на власта во Македонија и поддршка на левичарски агенди

Објавено February 4, 2025 14:26
Сподели
Сподели

Американката агенција за меѓународен развој УСАИД давала пари на фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос со кои се влијаело на политиката во Македонија и се поддржувале левичарски агенди.

Ова тврдење според кое финансирањето се случувало во времето вториот мандат на Обама до 2016 година го објавува американската истражувачка новинарка и интернет личност Мериса Хансен на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.

,,УСАИД даде речиси 15 милиони американски долари на Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос само во последните четири години на функцијата на Обама, која спроведува обемна работа во регионот на Западниот Брег/Палестина – сепак финансирањето беше првенствено за операциите на Сорос во Албанија и Македонија.”

Според веб-страницата на УСАИД, агенцијата дала над 18 милиони американски долари на програмата на Институтот отворено општество од 2005 до 2012 година, која работи на Западниот Брег, која се обидела да ги смести потенцијалните палестински докторанти на партнерските универзитети во Соединетите држави со откажана или намалена школарина”, пишува Хансен која пренесува тврдења според кои Сорос, преку неговите Фондации Отворено општество, влијаел на македонската политика, особено со тврдењата за финансирање насочени кон поддршка на левичарските политички партии или агенди.

,,Ова влијание беше искористено за поттикнување политички немири или притисок за промена на режимот, особено за време на политичката криза во Македонија околу 2015-2017 година.

Во март 2017 година, писмо до државниот секретар Рекс В. Тилерсон, шестмина американски сенатори го повикаа секретарот да ги истражи односите меѓу УСАИД и фондациите на Сорос и како американските даночни долари ги користат Стејт департментот и УСАИД за поддршка на левицата – политички групи од центарот кои се обидуваат да наметнат левичарски политики во земји како Македонија и Албанија”, пишува Хансен.

Со одлука на претседателот Трамп на 90 дена се прекинати сите проекти на УСАИД низ светот, за кои најмногу кукаат невладините организации, а не слушнавме плач од училишта, општини, државни институции или приватни компании.

Во Македонија се запрени голем број на невладини проекти вредни над 10 милиони долари за 2024 година.

USAID gave nearly $15 million to George Soros' Open Society Foundation over Obama's last four years in office alone, which conducts extensive work in the West Bank / Palestine region – however the funding was primarily for Soros operations in Albania and Macedonia. pic.twitter.com/jxasKRYqC0

— Merissa Hansen (@merissahansen17) February 2, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт, праша Лефков
Следна Статија Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во Келн три болници и околу 10.000 луѓе се евакуирани поради бомба од Втората светска војна

Властите во германскиот град Келн евакуираа три болници и илјадници домови откако беше пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна…

October 11, 2024
СВЕТ

Се појави наводен план на Русија за поделба на Украина на три дела

Руското Министерство за одбрана подготвило документ со прогноза за развојот на воената и политичката состојба во светот до 2045 година,…

November 22, 2024
СВЕТ

Остра порака на папата кон Трамп: „Светот го пустошат неколкумина тирани“

Папата Лав XIV ги критикуваше лидерите кои трошат милијарди на војни и рече дека светот „го уништуваат неколку тирани“. Ова…

April 16, 2026
СВЕТ

Георгиев: Ќе обезбедиме коридор низ Бугарија за авионот на Путин до Будимпешта

Шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, изјави дека Бугарија е подготвена, доколку е потребно, да обезбеди воздушен коридор за авионот…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?