Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уставен суд денеска носи одлука за „балансерот“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уставен суд денеска носи одлука за „балансерот“
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд денеска носи одлука за „балансерот“

Објавено October 9, 2024 08:54
Сподели
Сподели

Уставниот суд денеска на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

На дневен ред на 27. седница на Уставниот суд се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и гласање по шест предлози за донесување на конечни одлуки и да утврди пет нацрт- решенија.

Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор – (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници – (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор – (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милион луѓе бегаат пред ураганот „Милтон“ (ВИДЕО)
Следна Статија (ВИДЕО) Хаос на Флорида од ураганот Милтон, луѓе бегаат, снема бензин, продавниците празни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Семејството на премиерот Мицкоски на литургија за Божик во Соборниот храм во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со семејството денеска, по повод празникот Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на литургија во Соборниот храм…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јаневска најави „ѕид на срамот“ на кој ќе се објавуваат сите плагијат магистарски и докторски трудови

Министерката за образование Весна Јаневска, најави нов софтвер со кој ќе се откриваат препишани трудови, и најави т.н. „ѕид на…

December 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата го задолжи Министерството за правда да предложи разрешување на Љупчо Коцевски

Како Влада сакаме да ја информираме јавноста дека на денешната седница, беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова за Папата: Ќе го паметам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова се огласи по повод смртта на папата Франциск. Како што вели, ќе го памети…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?