Стопанската комора на Македонија ја поздравува одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност, со што се потврдува исправноста на аргументите што бизнис-заедницата ги изнесуваше во изминатиот период. Од самиот почеток, Комората доследно укажуваше дека ваквото законско решение, особено со неговата ретроактивна примена за фискалната 2022 година, сериозно ја загрозува правната сигурност и предвидливоста на деловниот амбиент. Пресудата ја потврдува исправноста на ставот дека селективното и ретроактивно оданочување не е соодветен механизам за економско регулирање и испраќа важна порака за почитување на правната сигурност, која е клучен предуслов за економски раст и за привлекување на нови инвестиции.Како најголема бизнис-асоцијација во земјата, Комората настапи институционално преку формални дописи, аргументации и правни механизми, а иницијативата беше поддржана од Управниот одбор, Надзорниот одбор, Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и други бизнис-асоцијации.Очекуваме во иднина секоја даночна политика да биде темелно анализирана и креирана во консултација со бизнис-заедницата, со цел да се избегнат негативни ефекти врз економијата. Стопанската комора останува посветена на транспарентен дијалог со институциите за создавање на одржливи економски политики што ќе го поттикнат растот и развојот на стопанството.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
Нови германски инвестиции и очекување растот на БДП да надмине три отсто, најави Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски најави нови германски инвестиции, а најголемата, како што истакна, ќе биде ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива…
Трамп повикува Фени и Фреди да купат обврзници во вредност од 200 милијарди долари
Стратегија за поддршка на пазарот на недвижности и економска стабилност
Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 53. сесија на Клубот на истражувачите
Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 53. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 19…
Во првите 6 месеци извозот расте повеќе од увозот- очекувам и натаму да се намалува трговскиот дефицит, вели Мицкоски
„Во првите шест месеци после долго време извозот повеќе расте во однос на увозот.“, посочи премиерот Христијан Мицкоски при посетата…