Стопанската комора на Македонија ја поздравува одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност, со што се потврдува исправноста на аргументите што бизнис-заедницата ги изнесуваше во изминатиот период. Од самиот почеток, Комората доследно укажуваше дека ваквото законско решение, особено со неговата ретроактивна примена за фискалната 2022 година, сериозно ја загрозува правната сигурност и предвидливоста на деловниот амбиент. Пресудата ја потврдува исправноста на ставот дека селективното и ретроактивно оданочување не е соодветен механизам за економско регулирање и испраќа важна порака за почитување на правната сигурност, која е клучен предуслов за економски раст и за привлекување на нови инвестиции.Како најголема бизнис-асоцијација во земјата, Комората настапи институционално преку формални дописи, аргументации и правни механизми, а иницијативата беше поддржана од Управниот одбор, Надзорниот одбор, Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и други бизнис-асоцијации.Очекуваме во иднина секоја даночна политика да биде темелно анализирана и креирана во консултација со бизнис-заедницата, со цел да се избегнат негативни ефекти врз економијата. Стопанската комора останува посветена на транспарентен дијалог со институциите за создавање на одржливи економски политики што ќе го поттикнат растот и развојот на стопанството.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За шест отсто се зголемил бројот на патници на двата аеродроми
Двата македонски аеродроми Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2…
Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци…
Инвеститорот предвидува значаен пресврт за акциите на Nvidia
Nvidia продолжува да биде клучен играч на пазарот на технологии, привлекувајќи огромно внимание кај инвеститорите
УЈП: Непречено тече поднесувањето на МПИН пресметките, како се обработуваат, така се испраќаат кодовите до даночните обврзници
Вкупно 59.681 даночни обврзници веќе поднеле МПИН пресметки за месец март. Од нив, 30.090 даночни обврзници веќе ги платиле МПИН…
