Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини
ЗАБАВА

Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини

Објавено October 26, 2024 22:20
Сподели
Сподели

Македонската православна црква и нејзините верници утре, на 27 октомври, ја слават заштитничката на жената – Света Петка.

Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господа.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белград постои вода (агијазма) на света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.

Празникот посветен на преподобната Мајка Параскева кај нашиот народ со векови се почитува, а има сведоштва во кои ова светица им се јавувала на луѓето во сон. Според народното верување, ако Света Петка ви се појави на сон, тоа може да значи две работи, или ќе бидете наградени или тоа е предупредување и покана за промена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Депресија, изместен биоритам– што ни носи промената на часовникот
Следна Статија Фон дер Лајен: Црна Гора во ЕУ до 2028 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Започна Венецијанскиот карневал инспириран од Зимските олимписки игри

Венецијанскиот карневал започна вчера под мотото инспирирано од Зимските олимписки игри 2026 година, славејќи ги „универзалните теми на играта и…

February 1, 2026
ЗАБАВА

Девицата да изненади некој со убав гест, Бикот да се подготви за динамична недела

ОВЕН Вториот ден од викендот за повеќето припадници на овој знак носи низа активности поврзани со детално планирање и разработка…

October 20, 2024
ЗАБАВА

„Зијан“ по 30 години ќе настапи во оригинален состав вечерва во МКЦ

Легендарниот бенд „Зијан“ ќе одржи концерт на 7 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје. Гевгелискиот бенд ќе настапи во…

November 7, 2024
ЗАБАВА

Жесток судир во етерот: Боки 13 и Рускоска во директен судир со тешки обвинувања (ВИДЕО)

Во живо појавување што бргу се претвори во медиумска драма, Бојан Јовановски – Боки 13 – и поранешната шефица на…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?