Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре кажете си ја ОВАА молитва: На втор ден Божиќ даваме чест на Пресветата Божја Мајка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Утре кажете си ја ОВАА молитва: На втор ден Божиќ даваме чест на Пресветата Божја Мајка
МАКЕДОНИЈА

Утре кажете си ја ОВАА молитва: На втор ден Божиќ даваме чест на Пресветата Божја Мајка

Објавено January 7, 2025 21:40
Сподели
Сподели

На вториот ден од Божик, христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос.

Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да ја прослават Богородица.

Тогаш се служи торжествено, соборно, во нејзина чест.

Во Охрид од древноста беше устроено наспроти вториот ден на Божиќ вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде собрано ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

Обичајот вели дека на овој ден, втор ден Божиќ, треба да се каже следната молитва за да владее мир во куќата цела година и сите да бидат здрави:

„Со твоето раѓање, Христе Боже, осветли ја светата светлина на спознанието Божјо, зашто во таа светлина оние што им служат на ѕвездите се научени да ти се поклонуваат, Сонцето на правдата, и да Те спознаат од височините на истокот, Господи, слава Ти!“

Обичајот вели дека куќата на тој ден не се чисти бидејќи во православието Божиќ се слави три дена. А на третиот ден, 9 јануари, се празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Драма на лет од Њујорк: Две тела пронајдени во авион по слетувањето
Следна Статија Неверојатна наредба од градоначалник: „Избегнувајте какви било болести“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише балансерот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Нема да се градат бегалски кампови во Македонија, вели Милошоски

Договорот за стратешко партнерство со Британија, не предвидува и изградба на бегалски кампови во Македонија, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио…

December 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се отстрануваат опасни карпи на експресниот пат Фариш-Дреново

За време на градежните работи на втората фаза Фариш – Дреново од изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, беа забележани пукнатини…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сме немале држава, системот бил руиниран, имало социјални случаи кои преку злоупотреби добивале над 60.000 денари месечно

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на вестите во Сител Телевизија зборувајќи за наводните доцнења на социјална помош, истакна дека Владата…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?