Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вардар го победи Шкупи, Работнички го загуби врвот на табелата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Вардар го победи Шкупи, Работнички го загуби врвот на табелата
СПОРТ

Вардар го победи Шкупи, Работнички го загуби врвот на табелата

Објавено November 9, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Гоце Седлоски со победа по вторпат дебитираше на клупата на Вардар, откако со 3:2 славеше над Шкупи во скопската пресметка со што „вардарци“ после долго чекање се врати на победничките патеки. За Седлоски како тренер ова беше победа против неговиот поранешен клуб Шкупи, кој го водеше пред неколку години.

За „црно-црните“ овие три бодови се од големо значење со што сега имаат 11 бодови, но и натаму се во опасната зона, а пак Шкупи е во средината со 16 бодови и три порази во низа.

Канда донесе водство за Шкупи од 0:1, а пак Вардар преку Закариќ и Николоски дојде до 2:1 на полувреме. Во вториот дел Ибиши израмни на 2:2, а пак Мицевски постигна гол за голема победа на Вардар од 3:2.

Реми на Тиквеш и Беса во Кавадарци, откако двете екипи одиграа 0:0, а пак Силекс со голот на Дарко Додев славеше со 1:0 над Пелистер, а со 1:0 славеше и Струга на Работнички со голот на Кехинде, со што Работнички не е повеќе лидер во Првата лига.

Гостивар со убедливи 4:0 славеше над Воска Спорт на домшен терен, откако во првиот дел немаше голови во второто полувреме Џало погоди за 1:0, потоа Диатта постигна гол за 2:0, а два брзи гола во финишот даде Симоновски.

Седум погодоци паднаа во Тетово за победа на Шкендија од 4:3 над Брера со што тетовци се на врвот од табелата. Шала и Рамадани погодија за 2:0, а во финишот на првиот дел Ристовски даде гол за 2:1. На стартот од вториот дел Ивковиќ даде гол за 2:2, но брзо веќе во 53. минута Адеми стрелаше за 3:2, а пак Крстевски за 4:2. Во 76. минута од натпреварот Ивковиќ со втор гол ги постави конечните 4:3.

На врвот е Шкендија со 27 бодови колку што има и Гостивар кој е втор и Силекс кој е трет. На делба на четвртото емсто се Струга и Работнички со по 25 бодови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Корупцијата во изминатите седум години го разгради МВР, а криминалци беа поставувани на функции
Следна Статија Гаши оцени дека граѓаните се иселуваат затоа што 34 години гледаат кршење на закони и криминал без казни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Пет милиони евра исчезнале од ФФМ во последниот месец на Сејдини, имало и 30.000 „фиктивни“ фудбалери

Првиот човек на македонскиот фудбал, Масар Омерагиќ, во своето обраќање изнесе сериозни обвинувања за работењето на претходното раководство на Федерацијата,…

March 21, 2026
СПОРТ

Ристовски: Предложивме или да се откаже Олимпијадата или да се намали на 1.000 учесници, но бевме одбиени

Mинистерот за спорт Борко Ристовки вели дека во личен разговор со претседателот на Eвропскиот олимписки комитет му било укажано дека…

August 3, 2025
СПОРТ

(Видео) Леброн најмлад и најстар играч со 40+ поени на еден натпревар

Леброн Џејмс постигна 42 поени, забележа 17 скока и осум асистенции за Лос Анџелес Лејкерс во победата над Голден Стејт…

February 7, 2025
СПОРТ

Крај на ерата на Салах во Ливерпул

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ќе ги напушти редовите на Ливерпул по завршувањето на оваа сезона, објави вечерва актуелниот англиски шампион.…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?