Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Василевска: Во периодот на владеење на СДС и ДУИ обвинителството имаше директна комуникација со извршната власт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Василевска: Во периодот на владеење на СДС и ДУИ обвинителството имаше директна комуникација со извршната власт
МАКЕДОНИЈА

Василевска: Во периодот на владеење на СДС и ДУИ обвинителството имаше директна комуникација со извршната власт

Објавено December 29, 2024 16:20
Сподели
Сподели

На денешната панел-дискусија на тема „Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет и потребата од реформи во правосудниот сектор во Македонија“ присуствуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска која се осврна на надлежностите и работата на Судскиот совет и потенцираше дека претставува суштинска спона која ја одразува независноста на судството и затоа истата е загарантирана и со Устав.

Пратеничката посочи дека во изминатиот период јавноста бурно дебатирала поради одредени прашања и дилеми кои директно ја засегнале независноста и нетранспарентноста на Судскиот совет.

Во изминатиов период јавноста доста дебатираше на темите коишто се поврзани со една од најзначајните судски инстанци во Македонија од причина што се појавија многу дилеми и прашања кои директно засегнаа во прашањето за независноста и нетранспарентноста како од избирањето на членовите на Судскиот совет така и во однос на решавањето на горливите прашања“, рече Василевска.

Василевска објасни дека она што му е потребно на Македонското општество е да почне да се работи по словото на законот и посочи дека 72% од судиите не веруваат дека Судскиот совет успешно ја штити судската независност.

„Она што му е потребно на македонското општество е дека ние треба да почнеме да работиме по словото на Законот. Приближно 72% од судиите не веруваат дека Судскиот совет успешно ја штити судската независност и не веруваат дека унапредувањето на судиите се врши според објективни, мерливи и правични критериуми“, објасни Василевска.

Василевска укажа дека граѓаните се убедени дека политичките елити имаат директно влијание врз работата на органите на правосудството и нагласи дека во времето на владеењето на СДС и ДУИ имало директно мешање во работата на правосудството.

Граѓаните се силно убедени дека политичките елити имаат директно влијание и се мешаат во работата на судиите и јавните обвинители. Ние во периодот на претходното владеење на СДС и ДУИ видовме дека за изјави во медиуми или за одредени наводи кои протекуваа во јавноста повремено обвинителството имаше директна комуникација со извршната власт и од таму добиваше нарачки“, објасни Василевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коцевски: Од ЈО не протекуваат информации до криминалци за истраги кои се водат против нив
Следна Статија Син ја претепал својата мајка, која со повреди е пренесена во Ургентен центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година

Вкупните приходи за изборната кампања на сите седумнаесет ученици на Параламентарните избори во 2024 се во износ од 386.710 илјади…

July 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Новогодишно обраќање на Мицкоски: 2025 година ќе биде година на раст, ред и интеграција (ВИДЕО)

Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас. 2024 година беше година на…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во Брисел на средба на лидерите на Западен Балкан со новиот претседател на Европскиот совет

Премиерот Христијан Мицкоски вечер во Брисел ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

„Конти“ пропадна, се појави „Грок“- нова пирамидална шема

Не требаше да помине долго време, а веќе се појави нова пирамидална шема наречена „Грок“. Се е исто како и…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?