Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово
МАКЕДОНИЈА

Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово

Објавено January 13, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари).

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Инаку, Црквата си има свое празнување и почеток на Новата година, но тоа се случува на 1 / 14 септември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар
Следна Статија Убедлива победа на Милановиќ за втор мандат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МПЦ-ОА: Свечен пречек на препис на чудотворната икон „Пресвета Богородица -„Скоропослушница“

Во сабота Свечен пречек на препис на чудотворната икон „Пресвета Богородица -„Скоропослушница“ од светогорскиот манастир Дохијар. Во сабота, на 5…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски за враќањето на воениот рок: Мислам дека е добро секој млад човек да помине во армијата, но засега како Влада тоа не го дискутираме

Министерот за одбрана Владо Мисајловски одговарајќи на прашањето за враќање на воениот рок истакна дека мора да се разгледаат сите…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Жичницата ќе се проширува од болницата Козле до Средно Водно

Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, најави дека е во план заедно со Град Скопје…

January 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме, треба да му се даде шанса на дијалогот со Софија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сето она што го ветиле на изборите во однос на евроинтеграциите многу внимателно го…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?