Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Велибор ни кажа дека тие се виновни за убиството на Вања, ни покажа каде е закопан Панче и дека во него пукал Палчо“, сведочеше екс началникот на СВР Велес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Велибор ни кажа дека тие се виновни за убиството на Вања, ни покажа каде е закопан Панче и дека во него пукал Палчо“, сведочеше екс началникот на СВР Велес
ХРОНИКА

„Велибор ни кажа дека тие се виновни за убиството на Вања, ни покажа каде е закопан Панче и дека во него пукал Палчо“, сведочеше екс началникот на СВР Велес

Објавено October 16, 2024 16:10
Сподели
Сподели

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, сведочеше поранешниот началник на СВР Велес Ристе Самарџиев. Тој рече дека имал единствено комуникација со Велибор Манев, кој им покажал каде било закопано телото на Панче Жежовски. Претходно Самарџиев забележал дека возилото на Панче е излезено од Велес, но не ни претпоставувал дека тој е убиен.

-По пријателска врска со А1 операторот, така го пронајдовме телефонот, неофицијално дознавме како зрачи телефонот. Потоа баравме и листинзи. Тоа го направивме за побрзо пронаоѓање на лица. И ќерката на Панче имаше пристап до „Гугл“ акаунтот на Панче. Телефонот беше активен, но никој не одговараше. Го имавме бројот и гледавме каде зрачи телефонот, гледавме дека е во близина на бензинската пумпа Макпетрол. Испративме телеграма до сите СВР ако е најдено возилото или лицето да биде запрено и да бидеме известени. Баравме камери од патишта, патарини, објекти… Проверивме и дали ја напуштил државата. Телефонот беше пронајден во дол, во капини од две-три метри. По два дена го пронајдовме телефонот на Панче, во меѓувреме заврна и снег. Мораше да интервенира и општински работници за да исчистат. Ние ги користиме пријателските врски за побрза постапка“, рече Самарџиев.

Велибор Манев ни го посочи местото, прво ни кажа дека тие се виновни за убиството на Вања и каде е закопана, а потоа и местото каде е закопано телото на Панче, сведочеше Самарџиев.

На патарините има 6 камери, 6 инспектори гледавме, на 21-ви се појавува возилото на бензинската пумпа Лукоил, на бензинската пумпа Макпетрол не го гледаме. Отидовме лично да видиме во „Сејф сити“ и тогаш првпат гледам дека возилото е излезено од Велес. Тоа е стар систем и не се гледа најдобро. Ние во тој момент мислевме дека е жив човекот. Подоцна во скопскиот регион го најдовме возилото запалено, и сигурни бевме дека лицето е убиено. Во хотел Романтик одземавме снимки и таму се гледаат како се движат две возила. Јас единствено имав контакт со Велибор Манев. Тој нѝ го посочи местото. Прво ни кажа дека тие се виновници за убиството на Вања и местото каде е закопана Вања. Потоа нѝ го покажа местото каде е закопано телото на Панче. Тој ни кажуваше каде да се движиме. Дупката ако не ви ја посочи некој, нема шанси да ја најдете. Ни откри дека Палчо пукал. Викнавме пожарна кои ни помогнаа да го извадиме телото. Дупката беше голема 2-3 метри, изјави Самарџиев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за Албанската академија: Не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации
Следна Статија Николоски: Имаме јасна позиција, нема уставни измени под бугарски диктат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини

Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село во изминатиот период запленија речиси три…

October 29, 2025
ХРОНИКА

Десет обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба…

May 6, 2025
ХРОНИКА

(Видео) Маж снимен како краде од манастирот „Успение на Пресвета Богородица”

Во атарот на село Обршани, општина Кривогаштани во средата вечер ограбен е манастирот „Успение на Пресвета Богородица“. Информацијата ја споделија…

April 24, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Во Студенчишкиот канал во Охрид утрово избувна пожар на глисер. Пламенот се појавил непосредно откако сопственикот го стартувал моторот на…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?