Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > (ВИДЕО) Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел

Објавено October 9, 2024 10:21
Сподели
Сподели

Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината.

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во својата изјава во Будмпешта, при што најави дека средствата согласно потпишаниот Договор ќе бидат на располагање следната недела.

„По потпишувањето на Договорот треба да испратиме документи за официјална исплата на средствата и веќе почнавме разговори за дополнителни 500 милиони евра коишто очекуваме да ни ги одобрат до крајот на годината, а потоа да бидат исплатени на почетокот на следната година. Со овие средства би се рефинансирала еврообврзницата којашто ќе доспее во јануари 2025 година“, рече министерката за финансии.

Оцени дека станува збор за одлична поддршка од Владата на Унгарија. „Станува збор за средства обезбедени во првите 100 дена, и тоа по многу поволни услови, односно 3,25% каматна стапка, којашто е многу ниска во услови на многу повисоки каматни стапки на меѓународните пазари“, рече Димитриеска-Кочоска.

Повтори дека средствата ќе бидат наменети за приватните компании преку Развојната банка и комерцијалните банки, како и за инфраструктурни проекти вклучително и општините.

„На тој начин, како што рече, очекуваме навистина многу поголема поддршка за економијата, поголем развој и реализација на веќе започнатото и на сето она што ќе почне да се реализира, а го ветувавме во рамки на програмата во текот на изборите“, изјави таа.

Министерката за финансии вчера во Будимпешта во име на Владата го потпиша Договорот за заем со унгарската Експорт – импорт банка, којшто е во согласност со Законот за задолжување на РС Македонија со заем кај унгарската Експорт – импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Ураганот Кирк пристигнува во Европа
Следна Статија Ердоган доаѓа во Македонија!?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Речиси 40% од фирмите работат со неправилности

Во периодот од 11.08.2025 – 17.08.2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 243 теренски контроли за фискализација, насочени…

August 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: 250 милиони евра од унгарскиот заем за компаниите стануваат оперативни

Двесте и педесет милиони евра од билатералниот заем со Унгарија стануваат оперативни. Владата донесе одлука за нивно ставање на располагање…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци и парите ќе останат во џебовите граѓаните

Во време кога граѓаните сѐ уште трпат големи последици од економската криза, а банките од година в година остваруваат огромни…

November 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

ВЛАДАТА ПЛАНИРА МЕРКИ ЗА ЦЕНИТЕ Ќе ги активира зависно од триковите на трговците

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се следи состојбата со цените и најавува дека ќе се преземат мерки доколку има непринципиелни…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?