(ВИДЕО) Исфарбале кучиња за да изгледаат како тигри во зоолошка во Кина

- Advertisement -

Зоолошката градина во кинескиот град Тајџоу се најде во центарот на вниманието откако на интернет се појави видео на кое се прикажани кучиња со тигарски риги.

Гледаме две портокалови и црни чау чау кученца како играат во заграден простор, а многу корисници бурно реагираа.

„Зарем тоа не е куче, а едно лице додаде: „Веројатно не ги капат кутрите животни за да не се измие бојата“.

Откако локалните медиуми стапиле во контакт со зоолошката градина, било објаснето дека кученцата биле насликани како „кучиња-тигар, а не тигри“, пишува „Дејли мејл“.

@thesun A Chinese zoo caused outrage after it emerged that they had tried to pass off painted dogs as tigers 🤦‍♂️ #tigers #zoo #funny #china #dogs ♬ original sound – The Sun

Ако не сте запознаени, чау чау е една од најстарите раси на кучиња. Тие се скапи бидејќи се ретки и тешко се репродуцираат.

Претставниците на зоолошката градина тврдат дека кучињата биле обоени за „забава“ и дека нивното здравје не било загрозено.

Ова не е првпат слични работи да се случуваат во Кина. За потсетување, на крајот на септември 2023 година, зоолошката градина во провинцијата Гуангдонг се најде на столбот на срамот бидејќи нејзините чау-чау кучиња беа пострижани и насликани да личат на панди.

Сподели ја оваа статија