Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Јокиќ и Вестбрук ја срушија Оклахома, Кливленд го бележи најдобриот старт во историјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Јокиќ и Вестбрук ја срушија Оклахома, Кливленд го бележи најдобриот старт во историјата
СПОРТ

(Видео) Јокиќ и Вестбрук ја срушија Оклахома, Кливленд го бележи најдобриот старт во историјата

Објавено November 7, 2024 09:45
Сподели
Сподели

Кошаркарите на Денвер Нагетс, одиграа уште еден драматичен меч и ја совладаа Оклахома со резултат 124:122. Ова е прв пораз за Оклахома во новата сезона. Кај Денвер блескаа Никола Јокиќ и Расел Вестбрук, но клучните улоги ги имаа Мајкл Портер јуниор и Кристијан Браун.

Јокиќ уште еднаш брилјираше, го забележа четвртиот трипл-дабл сезонава, овојпат со 23 поени, 20 скока и 16 асистенции.

Расел Вестбрук беше најефикасен со 29 поени, тоа беше и негова најдобра партија во дресот на Денвер.

Но, клучните улоги ги имаа Мајкл Портер Јуниор и Кристијан Браун, двајцата постигнаа по 24 поени.

Портер постигна 21 од 24 поени во второто полувреме.

Денвер играше без повредените Арон Гордон и Џамал Мареј, а во финишот Пејтон Вотсон од трагичар се претвори во херој во само десет секунди.

Во драматичната завршница, при резултат 124:122, Вотсон промаши две слободни фрлања со што пропушти да ја потврди победата на Нагетс.

Следуваше последниот напад на Тандер, топката ја имаше Шаи Гилџис Александер, кој тргна на положување, но беше блокиран од Вотсон Тоа беше кулминација на напната кошаркарска драма, голем триумф за Денвер и реванш за поразот во првиот натпревар во новата сезона.

https://youtu.be/-W3uz_5GIPo?si=P5Gp__rjV9pkyXsE

Гостите во третата четвртина водеа со 16 разлика, на крајот го доживеаја првиот пораз во сезоната. најефикасни беа Џејлен Вилијамс со 29 и Гилџис-Александер со 28 поени.

Без пораз сега се само Кливленд Кавалирс. Кливленд на гостински терен го совлада Њу Орлеанс со 131:122. .

Најефикасни во тимот на Кливленд беа Донован Мичел со 29 поени, Џерет Ален со 16 поени и 14 скока и Карис Леверт со 16 поени.

Во тимот на Њу Орлеанс најефикасен беше Зион Вилијамсон со 29 поени, заедно со осум скока, Хозе Алварадо со 27 поени и Брендон Инграм со 20 поени.

Кливленд ги има сите девет победи, додека Њу Орлеанс има три победи и шест порази.

Резултати:

Шарлот – Детроит 108:107
Индијана – Орландо 118:111
Атланта – Њујорк 121:116
Бостон – Голден Стејт 112:118
Хјустон – Сан Антонио 127:100
Мемфис – Лос Анџелес Лејкерс 131:114
Њу Орлеанс – Кливленд 122:131
Далас – Чикаго 119:99
Денвер – Оклахома 124:122
Феникс – Мајами 115:112
Лос Анџелес Клиперс – Филаделфија 110:98
Сакраменто – Торонто 122:107

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Млад инфлуенсер се кладел во милион долари за победа на Трамп и освоил куп пари (ФОТО)
Следна Статија По победата на Трамп, многумина го напаѓаат Џорџ Клуни: „Ти си крив“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Вардар добро тргна против Бенфика, но застана

Вардар од гостувањето во Лисабон се враќа без бодови. 40-35. Иако мечот го го почна добро во финишот на полувремето…

February 17, 2026

Вашингтон триумфира врз Бајси Стејт во убедлива победа

Силен настап на Вашингтон со јасна доминација во натпреварот

December 15, 2025
СПОРТ

Хрватска едвај ја победи Панама, Модриќ со 200 настапи

Натпреварот на Светското првенство во 2026 година против Панама го одбележа 200-тиот настап на хрватскиот играч од средниот ред Лука…

June 24, 2026
СПОРТ

Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат

Вонредно собрание за избор на нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е закажано за денеска во Скопје. Вонредното…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?