Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Како се менуваа технолошките милијардери со текот на годините: од слаб инженер во мускулест џетсетер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (Видео) Како се менуваа технолошките милијардери со текот на годините: од слаб инженер во мускулест џетсетер
ЗАБАВА

(Видео) Како се менуваа технолошките милијардери со текот на годините: од слаб инженер во мускулест џетсетер

Објавено January 23, 2025 11:25
Сподели
Сподели

Изгледа дека да се биде технолошки милијардер е многу повеќе од само водење компанија – сега треба да изгледате како акционен херој, да учествувате во екстремни спортови или да тренирате како да се подготвувате за борба во кафез. И тогаш ќе завршите на инаугурацијата на американскиот претседател.

Џеф Безос се трансформира од тивок „гик“ во набилдан ќелав човек, а Марк Цукерберг денес изгледа како секој момент дека ќе почне да рапува. Дали се работи за криза на средните години или е само нов тренд кај богатите.

Но, тешко е да не се забележат физичките промени кај Безос, Маск и Цукерберг во текот на годините…

Џеф Безос

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, ја почна својата кариера во финансии пред да отвори онлајн-книжарница од гаража во 1994 година. „Амазон“ денес е глобален гигант во е-трговија, а Безос е еден од најбогатите луѓе во светот.

View this post on Instagram

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Тој се повлече од функцијата извршен директор во 2021 година фокусирајќи се на вселенскиот сектор со „Блу ориџин“. Во меѓувреме, неговиот приватен живот стана тема на таблоидите.

По 25 години брак, Безос се разведе од Мекензи Скот во 2019 година, што резултира со еден од најскапите разводи во историјата. Набргу почна врска со Лорен Санчез, поранешна новинарка, со која ја споделува љубовта кон патувањата, луксузните јахти и вселенските амбиции.

View this post on Instagram

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Тема на дискусија стана и неговиот физички изглед – од слаб инженер се трансформира во мускулест џетсетер. Тој често е виден на гламурозни забави и авантуристички патувања далеку од имиџот на поранешниот деловен визионер.

Марк Закерберг

Марк Закерберг, основачот на „Фејсбук“ (сега „Мета“), направи револуција во начинот на кој комуницираме. Тој го основа „Фејсбук“ во 2004 година од студентска соба на „Харвард“, а денес „Мета“ води проекти што се движат од виртуелна реалност до вештачка интелигенција. Во слободното време Закерберг се посвети на џиу-џицу и нуркање со харпун.

View this post on Instagram

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Закерберг 11 години е во брак со Присила Чан, со која има три ќерки. Нивниот живот, иако поприватен од тие на Маск и Безос, често се претставува како балансиран и фокусиран на семејството.

View this post on Instagram

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Сепак, трансформацијата на Марк во спортски тип привлече внимание – од освојување медали на натпревари во џиу-џицу до споделување фотографии од нуркање и тренинзи.

Илон Маск

Илон Маск стои зад „Тесла“ и „Спејс икс“. Тој е познат по своите амбициозни планови за електрични возила, обновливи извори на енергија и колонизација на Марс. Неодамна стана сопственик на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен „Твитер“) и е близок соработник на Доналд Трамп.

Личниот живот на Маск е често хаотичен и исто толку драматичен како и неговите деловни одлуки. Тој има 11 деца од три жени, меѓу кои и пејачката Грајмс и поранешната сопруга Џастин Маск. Маск исто така ги користи своите објави на „Твитер/Икс“ за јавно да разговара за сè, од политика до лични расправии, со што приватниот живот му е неразделен од неговиот деловен бренд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на средба со семејството Руси: Да ги зајакнеме врските помеѓу дијаспората и Македонија
Следна Статија Македонија на 112-то место според военото, економското и геополитичкото влијание

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Принцот Вилијам се согласи на тајна средба со Хари, но под свои одредени услови

Принцот Вилијам и принцот Хари не се во добри односи веќе неколку години. Односите меѓу принцот Вилијам и принцот Хари…

October 26, 2025

Враќање на Кралството: Нов трејлер открива алхемичарот во иновативна хибридна игра

Inti Creates ги воодушеви обожавателите со нов трејлер за своја единствена 2Д акциска и стратешка игра

February 17, 2026
ЗАБАВА

Дуа Липа дизајнираше Порше, заработувачката од продажбата оди на Косово (ФОТО)

Музичката ѕвезда Дуа Липа и легендарниот автомобилски бренд Порше ги здружија силите во проект кој ги комбинира дизајнот, брзината и…

July 16, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Започна најголемиот карневал на светот, илјадници дефилираат во Рио пред 8 милиони туристи

Светски познатите паради со кои што започнува карневалот стартуваа вчера вечер на Самбадромот во Рио де Жанеиро. Неколку училишта за…

March 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?