Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Калиопи ја завршува годината со уште едно изненадување за својата публика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Калиопи ја завршува годината со уште едно изненадување за својата публика
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Калиопи ја завршува годината со уште едно изненадување за својата публика

Објавено December 28, 2024 18:20
Сподели
Сподели

2024 беше повеќе од добра и успешна година за Калиопи. На почетокот на годината, заедно со својот продуцент Ромео Грилл го реализираа својот нов албум насловен „АЛБУМ“, кој беше промовиран на крајот на мај со четири нови видеоспотови.

На тој начин ги одбележаа и 40-те години од нивната заедничка соработка.

И тоа не беше сè!

Во текот на летото, таа уживаше заедно со својата публика во Македонија на големите концерти во Охрид и во Битола, заклучно со големиот концерт во преполната арена „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што уште еднаш потврди колку е голема поврзаноста меѓу неа и публиката, како и значењето на музиката што се создавала сите овие години наназад, сè до денес.

Пред големите подготовки за нејзината регионална турнеја, таа реши годинава да ја заврши со уште едно изненадување за публиката.

Го реализира и седмиот видеозапис за песната „Дај, дај ми дај“ од новиот албум, во соработка со Мелем продукција.

За оваа пригода, Калиопи изјави:

„Среќна сум и благодарна што имав ваква година. И токму затоа сакав на некаков начин да им се заблагодарам на сите оние што придонесоа за оваа среќа, а истовремено да пратам порака до луѓето – никогаш да не престанат да веруваат во себе, во добрите нешта и во нивното споделување. Песната “Дај, дај ми дај” нека биде потсетник за сите нас – секогаш да веруваме во себе и во она што го сакаме.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бил имигрант без пари: Илон Маск откри по кого компанијата Тесла го добила името!
Следна Статија Јован Деспотовски остана без пасош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Нов бизарен тренд: Кинезите масовно купуваат цуцли за возрасни

Во свет каде што ништо повеќе не нè изненадува, се чини дека секогаш нè чека некоја нова бизарност. Најново? Младите…

August 7, 2025
ЗАБАВА

Бритни Спирс повторно шокира: Објави фотографија на која позира целосно гола

Бритни Спирс повторно привлече внимание на социјалните мрежи откако објави фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола.На…

August 25, 2025
ЗАБАВА

Ќерката на Брус Вилис објави нови фотографии со актерот

Ќерката на легендарниот Брус Вилис, Талула Вилис, објави нови фотографии од својот татко и додека некои беа среќни, други остро…

June 25, 2025
ЗАБАВА

Седум продолжени викенди ги очекуваат граѓаните во 2026 година

Во 2026 година граѓаните на Македонија ќе имаат вкупно седум продолжени викенди, благодарение на начинот на кој се распоредени неработните…

January 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?