(Видео) Маск го одржа првиот собир: Иднината ни е во опасност

- Advertisement -

Американскиот милијардер Илон Маск го одржа првиот независен митинг за поддршка на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, повикувајќи ги гласачите во предградијата на Филаделфија однапред да се пријават и да гласаат.

Маск истакна дека иднината на Америка е во опасност и затоа се вклучил во политиката.

На настанот што се одржа вчера во аудиториумот на гимназијата „Ридли“, Маск зборуваше околу 15 минути, а потоа одговараше на прашањата на присутните, кои носеа капи со слоганот на кампањата на Трамп, пренесе АП.

Настанот беше организиран од America PAC, политички акционен комитет кој поддржува кандидати и иницијативи блиски до Републиканската партија, а целта беше да се поттикнат гласачите во Пенсилванија да гласаат.

Настанот се емитуваше во живо на X и привлече стотици илјади гледачи и покрај техничките проблеми што се случија за време на преносот, пренесуваат американските медиуми.

Сподели ја оваа статија