Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Неизвесна судбината на иранската студентка која во знак на протест шеташе по долна облека
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Неизвесна судбината на иранската студентка која во знак на протест шеташе по долна облека
СВЕТ

(ВИДЕО) Неизвесна судбината на иранската студентка која во знак на протест шеташе по долна облека

Објавено November 4, 2024 19:41
Сподели
Сподели

Организациите за заштита на човековите права денеска побараа од властите во Иран да ја ослободат приведената жена, која пред два дена во знак на протест против законите за задолжителен хиџаб шеташе по долна облека на Исламскиот универзитет Азад.

„Амнести интернешнл“ (Amnesty International) на платформата Икс сподели видео и повика на итно ослободување на жената, за која тврди дека била „насилно уапсена на 2 ноември, откако ја соблекла облеката во знак на протест против навредливото спроведување на задолжителното превез од страна на безбедносните службеници“.

Специјалната известувачка на Обединети нации за Иран, Маи Сато на Икс во саботата објави дека „внимателно ќе го следи овој инцидент, вклучително и одговорот на властите“.

Идентитетот на жената сè уште не е познат, но портпаролот на Универзитетот Азад изјави дека таа страдала од „ментално растројство“ и е пренесена во „психијатриска болница“.

Иранска добитничка на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, која моментално е во затвор во Иран, издаде соопштение во кое истакнува дека е сериозно загрижена за случајот.

– Жените ја плаќаат цената за пркосот, но ние не потклекнуваме пред на сила, истакна Мохамади.

Таа додаде дека студентката која протестираше на Универзитетот го претворила своето тело во симбол на непокор и побара нејзино ослободување и крај на насилството врз жените.

Во меѓувреме, иранските медиуми објавија видео од маж со заматено лице, кој тврди дека е поранешен сопруг на жената и ја замоли јавноста да не го споделува видеото поради нејзините две деца.

Според некои објави на социјалните мрежи жената при апсењето припадниците на моралната полиција ја претепале до смрт.

Голем број Иранци на социјалните мрежи наведоа дека чинот на жената бил намерен протест и го прикажаа дел од движењето „Жена, живот, слобода“ (Women, Life, Free), кое се спротивставува на задолжителното носење на хиџаб.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна
Следна Статија Лимани: Ја зголемуваме поддршката и инклузијата на ранливите категории граѓани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

YouTube воведува автоматски ограничувања за малолетни корисници почнувајќи од 13 август

YouTube ќе користи вештачка интелигенција за автоматска проценка на возраста на корисниците во САД и примена на ограничувања за лицата…

July 30, 2025
СВЕТ

(Видео) Трамп ги објави документите за атентатот на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави материјали поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди за да го исполни своето…

March 19, 2025
СВЕТ

Канада оди на предвремени парламентарни избори на 28 април

Новиот канадски премиер Марк Карни денеска распиша предвремени парламентарни избори за 28 април. На прес-конференцијата на која го соопшти датумот…

March 23, 2025
СВЕТ

Анализа: Како може Израел да држи толку отворени воени фронтови

Газа, Либан, Сирија, Јемен и сега Иран. Израел истовремено одржува најмалку пет воени фронта со огромни воени, економски и општествени трошоци.…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?