Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Неизвесна судбината на иранската студентка која во знак на протест шеташе по долна облека
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Неизвесна судбината на иранската студентка која во знак на протест шеташе по долна облека
СВЕТ

(ВИДЕО) Неизвесна судбината на иранската студентка која во знак на протест шеташе по долна облека

Објавено November 4, 2024 19:41
Сподели
Сподели

Организациите за заштита на човековите права денеска побараа од властите во Иран да ја ослободат приведената жена, која пред два дена во знак на протест против законите за задолжителен хиџаб шеташе по долна облека на Исламскиот универзитет Азад.

„Амнести интернешнл“ (Amnesty International) на платформата Икс сподели видео и повика на итно ослободување на жената, за која тврди дека била „насилно уапсена на 2 ноември, откако ја соблекла облеката во знак на протест против навредливото спроведување на задолжителното превез од страна на безбедносните службеници“.

Специјалната известувачка на Обединети нации за Иран, Маи Сато на Икс во саботата објави дека „внимателно ќе го следи овој инцидент, вклучително и одговорот на властите“.

Идентитетот на жената сè уште не е познат, но портпаролот на Универзитетот Азад изјави дека таа страдала од „ментално растројство“ и е пренесена во „психијатриска болница“.

Иранска добитничка на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, која моментално е во затвор во Иран, издаде соопштение во кое истакнува дека е сериозно загрижена за случајот.

– Жените ја плаќаат цената за пркосот, но ние не потклекнуваме пред на сила, истакна Мохамади.

Таа додаде дека студентката која протестираше на Универзитетот го претворила своето тело во симбол на непокор и побара нејзино ослободување и крај на насилството врз жените.

Во меѓувреме, иранските медиуми објавија видео од маж со заматено лице, кој тврди дека е поранешен сопруг на жената и ја замоли јавноста да не го споделува видеото поради нејзините две деца.

Според некои објави на социјалните мрежи жената при апсењето припадниците на моралната полиција ја претепале до смрт.

Голем број Иранци на социјалните мрежи наведоа дека чинот на жената бил намерен протест и го прикажаа дел од движењето „Жена, живот, слобода“ (Women, Life, Free), кое се спротивставува на задолжителното носење на хиџаб.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна
Следна Статија Лимани: Ја зголемуваме поддршката и инклузијата на ранливите категории граѓани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Американскиот план за ‘управување’ со Венецуела во матна и несигурна состојба

Во Вашингтон и Каракас, визијата за администрирање на Венецуела во следните недели и месеци делува неизвесна и тврдоглаво комплексна.

January 6, 2026
СВЕТ

Автомобил влета во толпа луѓе во германскиот град Мајнхајм, најмалку едно лице загина (ВИДЕО)

Автомобил влета во толпа луѓе во западниот германски град Манхајм, објави денеска весникот Манхајмер Морген, повикувајќи се на очевидци. Најмалку…

March 3, 2025
СВЕТ

„Фајзергејт“: Скандалот на Фон дер Лајен со вакцините оди на суд

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оваа недела се соочува со еден од најголемите предизвици во нејзиниот мандат…

May 12, 2025
СВЕТ

Исламист со потекло од Македонија доби 15 години затвор во Австрија

Планираниот напад врз концертите на американската музичка ѕвезда Тејлор Свифт донесе 15 години затвор за исламист чии родители се од…

May 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?