(ВИДЕО) Нереална сцена: Снег падна во Саудиска Арабија

- Advertisement -

Временските услови од ден на ден изненадуваат, а најновиот спектакл доаѓа од Саудиска Арабија, каде социјалните мрежи се преплавени со слики од снежна покривка во пустинските области. За време на невремето, земјата не само што забележа град, туку и снежни врнежи, што предизвика неверување кај корисниците на социјалната мрежа Х.

Корисниците ширум светот споделуваат фотографии од овој необичен феномен, многумина убедени дека климата драстично се променила.

Во описот на сликите, набљудувачите ги опишаа сцените на пустината покриена со снег како „надреални“. Силната бура донесе студ и мраз, создавајќи визуелен контраст помеѓу белото ќебе и песокот.

Овој редок природен настан дополнително ја истакнува климатската варијабилност која сè повеќе го изненадува светот.

Сподели ја оваа статија