Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Новиот човек на Трамп за Блискиот Исток, е свекорот на неговата ќерка Тифани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Новиот човек на Трамп за Блискиот Исток, е свекорот на неговата ќерка Тифани
СВЕТ

(Видео) Новиот човек на Трамп за Блискиот Исток, е свекорот на неговата ќерка Тифани

Објавено December 2, 2024 11:40
Сподели
Сподели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неделата објави дека либанско-американскиот бизнисмен Масад Булос ќе биде висок советник за арапски и блискоисточни прашања.

Трамп ја сподели оваа објава на социјалната мрежа Truth Social. Булос, свекорот на ќерката на Трамп, Тифани, неколку пати се сретнал со арапско-американски и муслимански лидери за време на изборната кампања, пишува Ројтерс. Ова е втор пат во последните денови Трамп да избере член на семејството на еден од неговите зетовци за да служи во неговата администрација.

Во саботата Трамп објави дека го избрал таткото на Џаред Кушнер, Чарлс Кушнер, за американски амбасадор во Франција.

Во последните месеци, Булос водеше кампања за Трамп да ја добие поддршката од либанско-американските и арапско-американските гласачи и покрај фактот што САД ја поддржаа воената кампања на Израел против Хезболах во Либан.

Но, како што пишува Ројтерс, Булос има силни врски и во САД и Либан.

Имено, неговиот татко и дедо биле значајни политички фигури во Либан, додека неговиот зет бил клучен финансиер на Слободното патриотско движење, христијанска партија поврзана со Хезболах. Неговиот син Мајкл и Тифани Трамп се венчаа на раскошна церемонија во клубот Мар-а-Лаго на Трамп во Флорида во ноември 2022 година, по веридбата во градината на Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фиорентина: Бове е свесен и дише без помош на апарат за кислород
Следна Статија До крајот на месецов исплата на К-15, еве колку пари ќе легнат на сметката на работникот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Загинаа руски планирани освојувајќи го седмиот највисок врв во светот

Петмина руски планинари загинаа при искачувањето на седмиот највисок врв во светот, потврди денеска организаторот на експедицијата во Непал. Руски…

October 8, 2024
СВЕТ

Евакуиран аеродромот Гетвик, лондонската полиција истражува безбедносeн инцидент

Лондонскиот аеродром „Гетвик“ е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека…

November 22, 2024
СВЕТ

Најсмртоносна полициска акција во Бразил- загинаа над 130 лица

Најсмртоносната полициска операција во историјата на Рио де Жанеиро уби најмалку 132 лица, според бројките објавени денес од јавна агенција,…

October 29, 2025
СВЕТ

(Видео) Двајца израелски дипломати убиени во Вашингтон, убиецот е уапсен, извикувал „слобода за Палестина“

Двајца вработени во израелската амбасада се убиени во пукотница за време на настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон.…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?