Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Ова не ни го прават ниту Грци, ниту Бугари: Македонците во Германија ја бојкотирале Каролина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Ова не ни го прават ниту Грци, ниту Бугари: Македонците во Германија ја бојкотирале Каролина
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Ова не ни го прават ниту Грци, ниту Бугари: Македонците во Германија ја бојкотирале Каролина

Објавено December 2, 2024 19:04
Сподели
Сподели

Познатата македонска пејачка Каролина Гочева тврди дека друштво на македонски иселеници од Дизелдорф повикувало на бојкот на нејзиниот концерт во градот. Гочева, која е на турнеја низ Германија, ѝ се обрати на публиката:

Постојано се испраќале апели да не се присуствува вечерва тука и притоа, тие апели не се ниту од Грци, ниту од Бугари, ниту од оние што ни го газеа знамето, туку од македонско друштво од Дизелдорф.

Повикот за бојкот почнал откако бил најавен концертот, а таа за тоа дознала неколку дена пред истиот.

Македонската заедница во СР Германија реагираше на изјавата на Гочева. Во соопштение до јавноста заедницата објасни дека терминот на нејзиниот концерт се поклопувал со настани организирани од друштвото во истиот град, со што „грубо го кршат договорот за одржување настани и годишниот план за здруженијата и црковните општини од НРВ“.

„Во конкретниот случај, се организира настан на истиот ден и во истиот град Дизелдорф, кога Македонскиот културен клуб „11 Октомври“ организира хуманитране концерт по повод 35-годишен јубилеј на здружениоето со Миле Кузмановски и Татјана Стефановска“, велат од заедницата.

Тие исто така посочуваат дека концертот бил организиран ден пред хуманитарниот концерт на Наум Петрески и Зуица Лазов организиран од Македонскиот културен центар „Македонско сонце“.

Заедницата вели дека и во иднина ќе ги осуди сите настани кои ќе бидат организирани во исти или приближни термини со тие на здруженијата без претходна најава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Антикорупциска: Поранешен в.д. медицински директор си ја вработил снаата
Следна Статија (ФОТО) Ова се следните мети на Звицер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Еминем стана дедо

Еминем стана дедо. Ќерката на раперот ја објави среќната вест на Инстаграм, три недели откако родила здраво момче. Ќерката на…

April 5, 2025
ЗАБАВА

Arcade1Up продолжува да живее: Нов почеток со Basic Fun

Компанија за играчки го презема Arcade1Up, спасувајќи ги неговите главни средства и отворајќи нов поглавје во светот на домашните аркадни…

December 18, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Италија избра песна што ќе ја претставува на Евровизија, Оли е победникот на годинешното „Санремо“

Пејачот Оли победи на Санремо 2025 година со песната „Balorda Nostalgia“, откако гласовите на новинарското жири, радио жирито и телевизиското…

February 16, 2025
ЗАБАВА

Мy Nintendo продавница додава нова Metroid Prime 4: Beyond награда за Северна Америка

Земете го додека е достапно

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?