Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Реал и и ПСЖ мораа да победат и го направија тоа, Баер во 90.минута славеше над Интер, Брест е сензацијата во ЛШ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Реал и и ПСЖ мораа да победат и го направија тоа, Баер во 90.минута славеше над Интер, Брест е сензацијата во ЛШ
СПОРТ

(Видео) Реал и и ПСЖ мораа да победат и го направија тоа, Баер во 90.минута славеше над Интер, Брест е сензацијата во ЛШ

Објавено December 11, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Реал Мадрид ја прекинаа серијата од два порази со триумфот во Бергамо против Аталанта 3.2 (1:1). Покрај Реал, победи на гостински терен забележаа Баерн Минхен, ПСЖ и Астон Вила, Баер Леверкузен го победи Интер,а домашни победи забележаа уште Брест и Бриж.

Дербито во Бергамо донесе пет гола, а можеше да има уште толку.

На овој начин Реал избега од опасната зона, бидејќи пред ова коло беше прв „над линијата“, односно на 24. позиција на табелата.

Килијан Мбапе промаши во втората минута, но не и во 10. кога лесно го мина Де Рон и ја испрати топката во голот. Неколку минути подцна Мбапе беше „еден на еден “ со Карнесеки, кој успеа да одбрани. Во средишницата на првото полувреме Мбапе поради повреда го напушти теренот.

Аталанта го притисна Реал во финишот на првиот дел и во втората минута од судиското надополнување Колашинац изнуди пенал. Сигурен реализитор беше Де Кетеларе.

Во вториот дел, во интервал од четири минути Реал стекна предност од два гола. На индивидуален квалитет најпрвин погоди Винисиус во 55., а потоа и Белингем во 59.минута.

Аталанта ексресно се врати во натпреварот, најдобриот играч на екипата од Бегамо, Адемола Лукнанго совлада Куртоа во 65.минута.

До крајот шанси за Аталанта имаа Колашинац, Самарџиќ, Лукман, а во последните секунди најголемата шанса ја имапе Ретеги, кој промаши празен гол од три метри.

Германскиот првак Баер во Левекузен, во второто дерби го победи Интер со 1:0. Единствениот гол го постигна Мукиеле во 90.минута.

Резултати:

Аталанта – Реал 2:3 (1:1)
/Де Кетеларе 45+2, Лукман 65 – Мбапе 10, Винисиус 56, Белингем 59/

Баер – Интер 1:0 (0:0)
/Мукиеле 90/

Брест – ПСВ 1:0 (1:0)
/Ле Кардинал 43/

Бриж – Спортинг 2:1 (1:1)
/Кварезма 24аг, Нилсен 83 – Катамо 3/

Лајпциг – Астон Вила 2:3 (1:1)
/Опенда 27, Баумгартнер 62 – Мегин 3, Дуран 52, Баркли 85/

Салцбург – ПСЖ 0:3 (0:1)
/Рамош 30, Мендес 72, Дуе 85/

Шахтјор – Баерн 1:5 (1:2)
/Кевин 5 – Лајмер 11, Милер 45, Олисе 70 пен. 90+3, Мусијала 87/

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Екс директорот на ЕСМ Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичен суд
Следна Статија Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Брансон ја запре Индијана – Њујорк намали на 2:3 во серијата

Кошаркарите на Њујорк намали на 3-2 против Индијана во финалето на плејофот од Источната конференција на НБА лигата, бидејќи победија…

May 30, 2025
СПОРТ

Арсими со лекција на навивачите на Шкендија (ФОТО)

Фудбалерите на Арсими вчера со 3-1 го победија Осогово, но многу поважно од резултатот беше начинот на кој тимот од…

April 6, 2025
СПОРТ

Бостон и Голден Стејт пред елиминација од плејофот (ВИДЕО)

Бостон и Голден Стејт се пред елиминација во полуфиналињата од плејофот во Источната и Западната конференција во НБА. Њујорк со…

May 13, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Фудбалер на Фиорентина се онесвести на мечот со Интер, падна и го голтна јазикот

Страшни сцени на натпреварот Фиорентина-Интер, откако во 17 минута од средбата играчот на домашната екипа Едоардо Бове падна како покосен…

December 1, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?