Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Спектакуларен пресврт во режија на Диало – Јунајтед го победи Сити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Спектакуларен пресврт во режија на Диало – Јунајтед го победи Сити
СПОРТ

(Видео) Спектакуларен пресврт во режија на Диало – Јунајтед го победи Сити

Објавено December 15, 2024 20:30
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го совладаа Манчестер сити (2:1) во дербито на Манчестер, во 16. коло од Премиер лигата.

Херој на „црвените ѓаволи“ беше Амад Диало, кој најпрвин избори пенал ви финишот, неколку минути подоцна донесе пресврт за својот тим.

Сити долго време водеше, со голот на Јошко Гвардиол во 36. минута. Бруно Фернандеш реализираше пенал во 88. минута, а во 90. минута Диало погоди за победа на Јунајтед.

Еден од трагичарите на „граѓаните“ беше Матеуш Нунеш, кој на крајот од мечот најпрвин погреши при додавањето, а потоа направи пенал.

Рубен Аморим во пресрет на натпреварот ги изненади сите со одлуката да ги остави надвор од протоколот Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо.

И покрај тоа што натпреварот се отвори во високо темпо, со многу дуели, немаше многу шанси. Мејсон Маунт мораше да ја напушти играта поради повреда во 13. минута.

Релативната монотонија во првото полувреме ја разби Јошко Гвардиол, кој погоди со глава во 36. минута од натпреварот.

.Во вториот дел првиот удар кон голот на Сити го упати Диало во 62. минута, со глава, но Едерсон одлично интервенираше.

Десетина минути подоцна, Бруно Фернандеш не успеа да го совлада Едерсон,топката заврши крај стативата.

И кога се чинеше дека Сити има целосна контрола и дека ќе го задржи водството, Јунајтед стигна до пресврт во рок од три минути.

Најпрвин сигурен пенал на Бруно Фернандеш, а потоа мајсторија на Амаду Диало, кој го искористи додавањето на Лисандро Мартинез и му донесе три бода на Јунајтед во 90. минута.

Манчестер сити ја продолжи лошата серија, има само една победа на последните 11 натпревари. Рубен Аморим втор пат во краток период излезе како победник во дуелот со Пеп Гвардиола, откако претходно како тренер на Спортинг ги победи „граѓаните“ во Лигата на шампионите.

Јунајтед сега е 12-ти на табелата со 22 бода, додека Сити е петти со пет бода повеќе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Украина со дронови го нападна Грозни, Кадиров најави жестока одмазда
Следна Статија СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА-СКОПЈЕ: Од денеска е вратена уште една железничка линија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дешамп: Играчите се скршени, имавме големи амбиции

Францускиот селектор Дидие Дешан не го криеше разочарувањето по поразот од Шпанија (0-2) во синоќешното прво полуфинале на Светското фудбалско…

July 15, 2026
СПОРТ

Селекторот Милевски за Данска: Штета што не играме дома

Селекторот Благоја Милевски во првата оценка по денешната жрепка за мундијалскиот плејоф во кој македонската фудбалска репрезентација за противник во…

November 20, 2025
СПОРТ

Дали Гренланд ако го земат САД ќе добие и фудбалска репрезентација?

Новиот претседател на САД Доналд Трамп сака Гренланд да го присоедини кон Америка.Но, тоа не се.Ова осттровска земја сака да…

January 29, 2025
СПОРТ

Шкендија едвај до победа

Екипата на Шкендија потешко од очекувањето го одигра вечерашниот реванш дуел од првото коло од УЕФА Конференциската лига со Европа…

July 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?