Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, девизи и разна стока
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, девизи и разна стока
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, девизи и разна стока

Објавено November 12, 2024 12:58
Сподели
Сподели

Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен пат и преку Меѓународен Аеродром Скопје нелегално да го внесе во државава. Дрогата е пронајдена при претрес на лицето и тоа во внатрешноста на еден од двата куфери што ги носел бразилскиот државјанин. Претресот е извршен од страна на Мобилен тим со царинско куче во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“. Дрогата е запленета, а од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на околу два килограми кокаин.

Спречени обиди за криумчарење на 85 штеки цигари по извршени контроли на гранични премини Меѓународен Аеродром Скопје, Богородица и Меџитлија.

– На излез од државата на Меѓународен Аеродром Скопје, царински службеници спречија криумчарење на 60 штеки цигари, што косовски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата и по воздушен пат да ги внесе нелегално во Лондон. Штеките цигари се откриени при контрола на багажот на патникот. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

– 19 штеки цигари без акцизни маркичкисеоткриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари пронајдени под креветот во кабината на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

– 6 штеки цигари без акцизни маркички, се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените цигари, пронајдени во кеси сместени во кабината и во надворешни прегради на влекачот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија нелегален изнес на девизи. Девизите се откриени при претрес на тројца патници, македонски државјани, коишто патувале со автомобил. При контролата во чантата на еден од сопатниците, како и во џебот од панталоните на возачот биле пронајдени непријавени 10.990 евра, 3.200 американски долари и 500 швајцарски франци, за кои патниците не поседувале ниту документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на лицата им се  вратени средства во противвредност од 2.000 евра, а останатите се задржани. За сторениот девизен прекршок е поведена прекршочна постапка.

Мобилен тим спречи обид за криумчарење на офталмолошки производи, меѓу коишто 16 леќи, 48 пакувања 360 мл раствор за дезинфекција на леќи, но и 137 делови за моторни пили. Непријавените производи се откриени при контрола на стока наменета за увозник од Гостивар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава  Тетово. Производите, што не биле опфатени со царинските документи, се запленети, а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

55 парчиња облека се откриени при контрола автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените производи, пронајдени во 4 куфери и торби сместени во багажникот на возилото се запленети, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

228 пара женски обувки се откриени приконтрола на камион со српски регистарски табличкиуправуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во товарниот дел на камионот, кој бил натоварен со стока наменета за фирма од Србија,  покрај пријавената стока биле откриени 19 кутии со женски обувки кои не биле опфатени со царинските документи. Истите се запленети, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

289 разни производи како часовници, чанти, обувки, парфеми и козметика, при што дел се со потпис на познати модни брендови,  се откриени при контрола на автомобил со чешки регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен на влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи биле пронајдени во повеќе големи торби сместени во багажникот и на задното седиште. Производите се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

498 литри маслиново масло, 30 шишиња од по 750мл вино и 450 парчиња женска облека,  се откриени при контрола на патничко комбе со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во повеќе картонски кутии сместени во багажникот и во внатрешноста на возилото, се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

71 водни пумпи за автомобили се откриени при контрола на автомбил со хрватски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Производите, пронајдени во кутија сместена во багажникот на возилото и во кеса сместена на задното седиште, се запленети, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува
Следна Статија Анализата на јазови oткрива клучни сознанија за управување со био-отпад од винската индустрија во Тиквешкиот регион

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување, на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ беше познат по својата посветеност на новинарството, особено во…

January 31, 2025
ХРОНИКА

Жител од тетовско отишол на средба со девојка, го пречекале со автоматска пушка

„Денеска (20.03) во СВР Скопје А.И.(27) од село Церово, тетовско, пријавил дека претходниот ден околу 18:10 часот откако пристигнал во…

March 20, 2025
ХРОНИКА

Ја уценувал екс партнерката со експлицитни фотографии, за да не ги објави му платила над 500.000 денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.М.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На…

December 12, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Четворица повредени во вечерашната сообраќајка во Скопје

Четворица повредени и пренесени во болница е билансот од сообраќајната несреќа, што се случи вечерва на мостот Гоце Делчев во…

October 15, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?