(ВИДЕО) Трамп е*и се, му порача дански пратеник во Европскиот парламент на новиот американски претседател

- Advertisement -

Данскиот пратеник во Европскиот парламент Андерс Вистисен испрати повеќе од јасна порака до новиот американски претседател Доналд Трамп за неговите намери во однос на Гренланд

За потсетување, владата на Гренланд е во голема мера автономна, но островот е дел од Кралството Данска, така што Данска ја задржува одговорноста за безбедноста на територијата на островот.

Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп постојано јасно стави до знаење дека има намера да ја преземе сопственоста на островот, не исклучувајќи ја употребата на економска или воена сила.

Зборувајќи пред европратениците во Европскиот парламент на 21 јануари, Вистисен испрати многу јасна порака до американскиот претседател.

„Почитуван претседателе Трамп, слушајте многу внимателно. Гренланд е дел од Кралството Данска веќе 800 години. Интегриран е како дел од нашата земја и не е на продажба. Да го ставиме вака, за да разберете подобро, господине Трамп е.и се, му порача данскиот пратеник.

По неговото завршување, на европратениците им се обрати претседателот на Европскиот парламент, кој изјави дека Вистисен ќе се соочи со последици за пцуењето.

„Доколку преводот е точен, тогаш тоа што го кажавте е несоодветно и ќе претрпите одредени последици“, му беше кажано на Вистисен.

Сподели ја оваа статија