Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт
СВЕТ

(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Објавено February 6, 2025 08:41
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи насоки, прописи и правни толкувања, а Трамп ја потпиша опкружен со деца.

Републиканците велат дека ова ја враќа правичноста кон спортот. Регулативата, која стапува на сила веднаш, во голема мера ги опфаќа средните училишта, универзитетите и масовниот спорт. Голем број спортски управни тела, вклучително и пливање, атлетика и голф, веќе им забранија на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спорт на елитното ниво доколку поминале низ машки пубертет.

Регулативата го овластува Министерството за образование да испита како образовните институции го спроведуваат, законот на САД кој забранува полова дискриминација во образовните програми финансирани од федерално ниво.

„Ако дозволите мажи да влезат во женски спортски тимови или ги окупираат вашите соблекувални, ќе бидете под истрага за прекршување на законот и ќе го ризикувате вашето федерално финансирање“, објасни Трамп.

Претставник на администрацијата на Трамп потврди дека Соединетите Држави ќе направат се што можат за да ги спречат трансродовите жени да се натпреваруваат против жени на натпреварите на Меѓународниот олимписки комитет што се одржуваат на американско тло.

Трамп прецизираше дека регулативата ќе важи и за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Белата куќа соопшти дека оваа регулатива е во согласност со желбите на американскиот народ и ќе обезбеди правичност за жените во спортот, како и нивна безбедност.

BREAKING: Pres. Trump signs an executive order banning transgender athletes from participating in women's sports. https://t.co/nrACqVTkKU pic.twitter.com/l8w44cmH4L

— ABC News (@ABC) February 5, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ристески: Маркетите да се вразумат со цените, за да не интервенира Владата
Следна Статија ВИДЕО: Земјотресите уништија една од најпознатите плажи на Санторини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Фон дер Лајен: Западот каков што го познававме повеќе не постои

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека „Западот каков што го знаевме повеќе не постои“, мислејќи…

April 16, 2025
СВЕТ

Трамп до Куба: Без договор со САД, нема веќе нафта ниту пари

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа преку социјалната мрежа Truth Social упати директна порака до властите на Куба да започнат преговори…

January 11, 2026
СВЕТ

Аеродромот Хитроу во Лондон затворен поради прекин на струја, гори трафостаница (ВИДЕО)

Лондонскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе биде затворен денеска до полноќ по прекинот на струја предизвикан од пожар во блиската…

March 21, 2025
СВЕТ

Од одбрана до миграција: Што носи новата владина коалиција во Германија

ДПА Новата коалиција предводена од германските конзервативци денеска ја презема функцијата  под раководна палка  на новиот канцелар Фридрих Мерц, помалку…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?