Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Црквата Нотр Дам е отворена по страшниот пожар, реставрацијата чинела 700 милиони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Црквата Нотр Дам е отворена по страшниот пожар, реставрацијата чинела 700 милиони
СВЕТ

(ВИДЕО) Црквата Нотр Дам е отворена по страшниот пожар, реставрацијата чинела 700 милиони

Објавено November 29, 2024 22:00
Сподели
Сподели

Реставрираната катедрала Нотр Дам во Париз беше отворена денеска, пет години по катастрофалниот пожар што ја опустоши оваа историска зграда.

Отворањето на катедралата беше емитувано во живо на телевизија, а беше извршено во присуство на Емануел Макрон, претседателот на Франција.

Бисерот на готската архитектура е детално реновиран, нудејќи им на посетителите обновен ентериер, објави Би-Би-Си.

„Дрвата за покривната конструкција доаѓаат од цела Франција, а дел од нив доаѓаат од донации“, рече Макрон.

Претседателот на Франција беше придружуван од сопругата Брижит, како и парискиот надбискуп Лоран Улрих. Официјалното отворање на катедралата е закажано за седми декември, а првата молитва ќе се одржи следниот ден.

Notre-Dame restaurée: la strucutre de la Clôture du chœur dévoilée pic.twitter.com/ls8ag45aGI

— BFM Paris Île-de-France (@BFMParis) November 29, 2024

Реставрацијата на катедралата чинеше 700 милиони евра. Макрон одржа и говор на благодарност до околу 1.300 занаетчии, работници и експерти кои работеа на нејзиното реновирање. Реновираната внатрешност на катедралата била чувана во тајност за време на реновирањето.

Пожарот во Нотр Дам избувна на 15 април 2019 година, додека се работеше на реконструкција на нејзината надворешност. Последната реконструкција на катедралата била извршена во 50-тите години на минатиот век.

Катастрофалниот пожар уништил поголем дел од внатрешноста на катедралата, а еден од спасените симболи е статуата на Богородица со дете.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што e „триметазидин“ на кој падна Швојтек: Го забрзува протокот на крвта
Следна Статија Таткото на Карлеуша ја апсел Цеца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Макрон со најава: ќе го забрани пристапот до социјални мрежи за деца под 15 години

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, објави дека ќе го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години доколку…

June 11, 2025
СВЕТ

Уапсен поранешниот принц Ендру Маунтбатен Виндзор, заврши со лисици на неговиот роденден

Ендру Маунтбатен Виндзор, поранешниот британски принц, беше уапсен утрово на имотот Сандрингам, а беа објавени првите фотографии и видеа од…

February 19, 2026
СВЕТ

Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Украинците сакаат да ја продолжат војната, дека Европа ги поддржува во тоа, како…

March 16, 2026
СВЕТ

Нарекувајќи го изминатиот период „револуција на здравиот разум“ Трамп одбележа 100 дена од вториот претседателски мандат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прослави 100-от ден од својот втор мандат со говор во стилот на кампањата, фалејќи…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?