(Видео) Ураган на векот во Флорида, пристигнуваат страшни снимки, има и загинати

- Advertisement -

Ураганот Милтон пристигна на Флорида околу 20:00 часот по локално време (02:00 часот по македонско), предизвикувајќи торнада и го зафати регионот со дожд и ветрови.

Наредена е евакуација на неколку милиони луѓе на 300-километарскиот брег.

Поплавени се бројни области, забележани се повеќе од 20 торнада, а секоја минута пристигнуваат драматични снимки од Флорида.

Во ураганот Милтон во округот Сент Луси на атлантскиот брег на Флорида има жртви, а околу 100 куќи се уништени. Повеќе од два милиони згради – приватни домови и компании сега се без струја низ Флорида, а цели населби се во мрак, јавува Би-би-си.

Потврдени се смртни случаи во округот Сент Луси на источниот брег на државата каде што погодија торнада, иако се уште не е јасен точниот број на жртви, јавува Би-Би-Си.

Милиони луѓе ја напуштија државата во средата по десетици предупредувања за поплави, торнада и бранови бури.

„Исклучително опасен“ и „опасен по живот“ ураганот Милтон, како што го нарекоа властите, падна на копно во Сиеста Ки, Флорида, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Пристигна како бура од трета категорија, со предупредувања за силни ветрови и поројни поплави, набргу откако гувернерот Рон Де Сантис предупреди дека времето за безбедна евакуација поминало.

Претходно, претседателот Џо Бајден рече дека тоа ќе биде „еден од најуништувачките урагани во еден век“ и го критикуваше „непромисленото“ промовирање на „чисти лаги“ за одговорот на владата од страна на Доналд Трамп.

Милтон доаѓа две недели откако ураганот Хелена го погоди заливскиот брег како бура од четврта категорија, одземајќи најмалку 225 животи низ Флорида, Џорџија, Јужна Каролина, Тенеси, Вирџинија и Северна Каролина.

Сподели ја оваа статија