Српскиот претседател Александар Вучиќ на митингот во Јагодина им се заблагодари на сите присутни.
„Нашиот народ знае, Србија знае како е нападната денес, како е нападната однадвор и одвнатре, нашиот народ знае кога е време да ги поддржи оние кои се бореле за Србија. Велам благодарам, свесен за моментот. Во Косово тие вршат притисок врз нашиот народ, се обидуваат да ги протераат Србите“, вели Вучиќ.
Тој посочи дека оние кои, како што рече, ја ограбиле Србија, сакаат да ги злоупотребуваат децата за да се вратат на власт.
Тој истакна дека тие ги извадиле децата на улица.
„Ние немаме и никогаш нема да ги злоупотребуваме децата“, вели Вучиќ, заблагодарувајќи им се на претходните говорници и на оние кои се приклучија на Движењето.
„Прекрасно е да се биде претседател на Србија, нема ништо поубаво на светот. Да се биде ваш претседател е најголемата чест на светот“, им порача Вучиќ на насобраните.