Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО)Разоткриена организирана криминална група, вршеле проституција и илегална трговија со дрога
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО)Разоткриена организирана криминална група, вршеле проституција и илегална трговија со дрога
ХРОНИКА

(ВИДЕО)Разоткриена организирана криминална група, вршеле проституција и илегална трговија со дрога

Објавено October 17, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, во рамките на која е целосно разоткриено злосторничко здружување во западниот дел од земјата. Во акцијата од слобода се лишени 13 лица, а едно лице е недостапно на органите на прогонот. Претреси се извршени на 17 локации во тетовскиот регион и во Охрид.

Групата одреден временски период се занимава со посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога, а нелегално стекнатите приходи од овие кривични дела припадниците на групата ги прикривале со перење пари и други приноси од казниво дело.

Организираната група ја создал 35-годишник од селото Боговиње, кој ги организирал и координирал криминалните активности на другите припадници на групата и во угостителски објекти во с.Жеровјане, с.Горно Седларце и во Охрид наведувал на проституција девојки-странски државјанки кои работеле како танчерки во стриптиз-клубови.

Фактичкото работење на два од клубовите го организирал и раководел неговиот брат (второосомничениот), додека третиот осомничен раководел и ја организирал работата на стриптиз-клубот во Охрид. Четвртиот осомничен учествувал во наведувањето на проституција на девојките во угостителските објекти и бил задолжен за организација на нивното патување и влез во нашата земја, како и за олеснување на процедурите за добивање на документи за легален престој за странските државјанки, а давал и насоки за криминалните активности на другите припадници на групата во однос на сместување и превоз на девојките. Петмина припадници на злосторничкото здружување биле задолжени за обезбедување и неовластена продажба на дрога, најчесто кокаин, на девојките и гостите во угостителските објекти. Едниот од нив ги помагал и олеснувал активностите за пренос на дрогата и посебно бил ангажиран за предупредување при полициските контроли и бил задолжен да го следи движењето на полицијата на патот кон клубовите за што ги информирал членовите на групата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка
Следна Статија Мицкоски: Вистинското прашање е до каде е проектот за Коридорот 8 во Албанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Затвореници се тепале во Идризово, еден ранет со остар предмет пренесен во болница

На 01.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 12:40…

April 2, 2026
ХРОНИКА

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во…

October 16, 2025
ХРОНИКА

(Фото) Пронајдено безживотно тело на улица во Аеродром

Утрово околу 7 часот и 30 минути тело на мртов човек беше пронајдено на улица во скопската населба Аеродром. На…

January 27, 2025
ХРОНИКА

Почина познатиот македонски угостител: Беше газда на познатиот ресторан и пицерија СКАР

Со неизмерна тага ве известуваме дека на 01.05 почина нашиот почитуван крушевчанец, управител, сопственик на ресторан и пицерија ,,Скар”, член…

May 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?