Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицегувернерката Митреска на „Ерсте инвесторс брекфаст“: Централните банки ќе продолжат со претпазливо нормализирање на монетарната политика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вицегувернерката Митреска на „Ерсте инвесторс брекфаст“: Централните банки ќе продолжат со претпазливо нормализирање на монетарната политика
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Митреска на „Ерсте инвесторс брекфаст“: Централните банки ќе продолжат со претпазливо нормализирање на монетарната политика

Објавено November 6, 2024 15:42
Сподели
Сподели

Инфлацијата е стабилизирана, додека централните банки внимателно ја нормализираат својата монетарна политика. Основните каматни стапки иако се намалуваат, сеуште се на повисоко ниво. Се очекува големите централни банки (Европската централна банка и Федералните резерви) да продолжат со олабавување на своите монетарни политики и во текот на 2025 година. Притоа, суштинска ќе биде координацијата помеѓу монетарната и фискалната политика, односно поддршката во понатамошното закотвување на инфлацијата преку фискалната консолидација, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска во своето обраќање на единаесетото издание на конференцијата „Ерсте инвесторс брекфаст“, којашто традиционално ја организираат „Ерсте банка“ и „Шпаркасе банка“.

Вицегувернерката посочи дека и покрај намалувањето на инфлацијата постојат повеќе ризици кои се поврзани со поголемата инертност кај цените на услугите, растот на платите и расположивиот доход, можни притисоци на страната на понудата, како и поддршката од фискалната политика. Фискалниот одговор во неколкуте изминати кризи ја поддржа економијата, но истовремено ги зголеми нивоата на дефицитите и јавниот долг. Притоа, во регионот се забележуваат извесни подобрувања кај дефицитот и јавниот долг, но се уште се над предпандемиското ниво. Во следниот период суштински ќе биде да се остане на патот на фискалната консолидација.

Говорејќи за нашата централна банка, вицегувернерката Митреска посочи дека Народната банка од почетокот на инфлациската криза презеде повеќе мерки за да ги стабилизира инфлациските очекувања преку затегнување на монетарната политика. Како резултат на овие мерки инфлацијата се намали од 19,8% во октомври 2022 година на 2,6% во септември 2024 година, вклучително намалување има и на инфлацискиот јаз со еврозоната. Со намалувањето на инфлацијата, Народната банка започна со внимателно олабавување на монетарната политика преку намалување на основната камата за 0,5 процентни поени.

Намалувањето на инфлацијата се очекува да продолжи и во 2025 година, кога најверојатно централните банки ќе ја постигнат целната инфлација, посочи вицегувернерката Митреска. Притоа таа истакна дека притисоците на страната на понудата ќе бидат почести во иднина, а како надолни ризици тука се и деглобализацијата, демографските и климатските промени кои можат да го намалат потенцијалот за раст на економиите и да влијаат на понудата и инфлацијата. Од друга страна брзиот напредок во технологијата, како вештачката интелегенција може да го зголеми потенцијалот за раст на економиите. Централните банки се свесни за ризиците на страната на понудата и будно ги следат случувањата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски до Нова година очекува потпишување договор за гасниот интерконектор со Грција
Следна Статија Македонски државјанин со нож ја убил сопругата пред очите на малолетните деца во Германија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 производи

Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на…

February 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески откри поради кого 80-90 отсто од новите пензионери нема да имаат ни минимална пензија

Пензионерите што во наредните години ќе почнат да се пензионираат преку вториот пензиски столб би можеле да се соочат со…

June 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ништо од „Рајанер“ во Македонија, барале двојно поголема субвенција и привилегии: Со нивните услови, државата ќе банкротира

Македонската влада не успеа да постигне договор со „Рајанер“ за влез на домашниот пазар, а барањата на ирскиот нискобуџетен превозник…

August 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани

Третиот квартал оваа година, споредено со третиот квартал минатата година, има седум илјади и повеќе вработени на сметка на седум…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?