Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Влада: Економијата е нашиот приоритет – Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Влада: Економијата е нашиот приоритет – Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој
ЕКОНОМИЈА

Влада: Економијата е нашиот приоритет – Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој

Објавено December 7, 2024 10:30
Сподели
Сподели

Владата денеска преку соопштение порача дека економијата е нејзиниот приоритет и оти буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој и поквалитетен животен стандард за граѓаните. Се обврзува, како што информира владината прес-служба, на економска трансформација и ветува раст на БДП, но и нови странски директни инвестиции кои ќе генерираат раст и развој.

Буџетот за 2025 година е развоен и ветува повисоки плати, инвестиции и економски развој на државата. Владата за 2025 година се обврзува на целосна трансформација на Македонија и подобрување на животниот стандард за граѓаните. Приоритет и цел е да обезбедиме поквалитетен живот за сите граѓани, иднина и просперитет на Македонија, наведуваат во соопштението од Владата.

За таа цел, дополнуваат, во буџетот за 2025 година предвидуваме средства за зголемување на пензиите. Со ова предвидуваме 105 милијарди денари за пензиите, односно по 2500 денари повисоки пензии во март за пензионерите. Со ова го исполнуваме ветувањето за повисоки пензии на над 330.000 пензионери. Исто така за исплата на плати обезбедени се 48 милијарди денари во ставката за плати и 2 милијарди денари дополнително во блок дотации за зголемување на платите во образованието. Предвидуваме и 14,5 милијарди денари за поддршка на ранливите категории, додека пак за здравствена заштита обезбедуваме 5,2 милијарди денари повеќе или вкупно 53,4 милијарди денари.

Од Владата наведуваат и дека во буџетот за 2025 година е предвиден и растот на платите за вработените во образованието и просветните работници, како и растот на платите во здравството, здравствените работници и медицинските лица.

Посочуваат дека посветено и одговорно работат за стопанството и оти веќе обезбедиле 250 милиони евра, како што наведуваат, за инвестициски бум во општините за изградба на училишта, градинки, патна и водоводна инфраструктура.

Средствата кои преку банките ги ставаме на располагање во форма на супер евтини кредити, односно договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од можеби 800 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти за сопствена потреба, како и да учествуваат во проекти кои ќе ги инвестираат општините, стои во соопштението.

Се обврзуваме, истакнуваат Владата, пред граѓаните на економска трансформација, и ветуваме раст на БДП, но и нови странски директни инвестиции кои ќе генерираат раст и развој.

Воедно, подадовме рака за дијалог со синдикатите и работодавачите, заеднички да носиме одлуки во интерес на граѓаните. Наша заложба и политика е да создадеме иднина за сите, да ги донесеме промените и да ја вратиме Македонија на правилната патека. Економијата е нашиот приоритет, се наведува во соопштението

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Париската катедрала Нотр Дам повторно ги отвора вратите, со присуство на бројни официјални претставници
Следна Статија (ВИДЕО) Трикатна зграда се урна во Хаг по експлозија, се трага по преживеани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија

Македонија доби потврда за политиките од кредитната агенција „Стандард и Пурс“, задржувајќи го кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи. Агенцијата…

January 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најави дека проектот за брза пруга на Коридорот 10 влегува во клучна фаза…

January 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Газдите имаат и до 10.000 евра профит од САМО ЕДЕН ВРАБОТЕН, а минималната плата тапка во место

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, на социјалните мрежи сподели пресметка по сектори, колку компаниите имаат профит…

October 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти

Просечните цени на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти споредено со истиот месец…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?