Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
ЕКОНОМИЈА

Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места

Објавено December 11, 2024 12:20
Сподели
Сподели

Шест месеци нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ значи шест нови странски инвестиции и над 2000 нови вработувања.

Првата инвестиција на „Алказар Енерџи“ за изградба на ветерници во општините Радовиш, Штип и Карбинци, е во вредност од 500 милиони долари и значи 630 нови вработувања, а со инсталирање на 55 ветерници со електрична енергија ќе се снабдат 100.000 граѓани.

Втората инвестиција на германско-белгиска „Епсотех Аим“ е за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Нејзината вредност е од 20 милиони евра и нови 110 вработувања.

Третата странска инвестиција е за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра. Со оваа инвестиција ќе се отворат нови над 100 вработувања, во Технолошко индустриско развојната зона Скопје.

Четврта инвестиција која ја донесе Владата во рок од шест месеци е за производство на литиум јонски батерии во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. Инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“ е во вредност од 65 милиони евра и отвора дури нови 700 вработувања.

Петтата инвестиција на компанија „Брејнчајд“ во зоната Жабени е во вредност од 8,5 милиони евра, а ќе вработи околу 100 лица.

И шестата инвестиција е на „АД БАУ Интернационал“ која е дел од групација ДМ Бау – швајцарски производител на модуларни објекти е во вредност од 7 милиони евра и отвара 200 нови вработувања.

И покрај лошата економска состојба која ја наследивме, како Владата работиме посветено и спроведуваме економски политики со кои привлекуваме нови странски инвестиции.

Како Влада воспоставуваме партнерски и деловен однос со странските и домашни инвеститори, отвораме нови работни места и придонесуваме за подобрување на бизнис климата и животниот стандард на граѓаните.

Владата работи посветено на забрзување на економскиот развој.

Наш приоритет е стабилна македонска економија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хаос во Јужна Кореја: Специјалци упаднале во канцеларијата на претседателот, екс министерот за одбрана се обидел да се самоубие
Следна Статија Мафијата заработува милијарди од туризмот во Италија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Нашата економија во вториот квартал забележа реален раст од 3,4 отсто и е меѓу петте земји во Европа

Нашата економија во вториот квартал забележа реален раст од 3,4 проценти и е меѓу петте земји во Европа по раст…

September 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија е втората најслаба „карика“ во европската електрична мрежа, пред неа е само Албанија

Нова студија ги наведува слабите точки во европската електрична мрежа, бидејќи геополитичките предизвици и климатските промени ја тестираат инфраструктурата на…

September 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справила со кризата

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во завршниот исказ на редовната мисија според член IV од договорот за членство, искажува поддршка за…

February 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германија ги заострува правилата за работа, македонските граѓани со ограничени можности

Германија подготвува нови законски измени со кои ќе се отежни пристапот до работни дозволи за странските државјани, меѓу кои и…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?