Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата и банките постигнаа договор: Средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Владата и банките постигнаа договор: Средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството
ЕКОНОМИЈА

Владата и банките постигнаа договор: Средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството

Објавено November 28, 2024 11:30
Сподели
Сподели

Постигнат е договор со банките и средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството, информира портпаролката на Владата, Марија Митева.

На седница на Влада се донесе заклучок во врска со предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитната линија од унгарскиот кредит, а во однос на користење на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва.

-Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија под следните услови: минимален износ по корисник до 10 милиони евра, рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс-период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс-периодот. Фиксна каматна стапка од 1,95% без надомест за одобрување, сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата, посочи Митева.

Дополнително, средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва, ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство и истите ќе можат да се користат за следните намени: инвестиции во опрема, недвижности, погони, фабрики, деловни објекти за сопствена употреба, транспортни средства поврзани со производствениот процес, обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.

-Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата. Имајќи предвид дека БДП е проектиран на 16 милијарди, станува збор за 5% од БДП, средства кои што очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост, посочи Митева.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Истражување: 53 отсто од Французите сметаат дека владата треба да падне
Следна Статија Скопје повторно прв најзагаден град во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Една објава на Трамп избриша две илјади милијарди долари пазарна вредност од берзите

Во петокот наутро, берзанскиот индекс СиП 500 (S&P 500) беше на еден чекор од нов рекорден максимум. А потоа, по…

October 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Наредната година ќе биде година на економски успеси и реално подобар животен стандард

Премиерот Христијан Мицкоски во денешното обраќање по повод Денот на независноста се осврна и на економските показатели и на животниот…

September 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како…

December 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Одржана седница на Советот на Народната банка: Стабилноста на банкарскиот систем и натаму јакне

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, го усвои Извештајот за ризиците за банкарскиот сектор за вториот квартал од…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?