Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност
МАКЕДОНИЈА

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност

Објавено January 21, 2025 14:28
Сподели
Сподели

Mинистерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување на отпорноста и безбедноста на државата во сајбер просторот.

Oваа стратегија означува пресвртница во напорите на државата да ја заштити својата дигитална инфраструктура и да изгради побезбедна, посигурна иднина за сите.

Стратегијата се донесува по тригодишен јаз без национална рамка за сајбер безбедност, при што отсуството на сеопфатна сајбер регулатива ја остави земјата изложена на зголемени закани. Македонија се соочи со зголемени сајбер напади, хибридни закани, закани за бомби и кампањи за дезинформација, што ја истакнува итната потреба за координиран и стратешки пристап.

Министерот Андоновски истакна дека „Стратегијата се појавува во време кога посветеноста кон нашата дигитална инфраструктура и дигитализацијата воопшто, никогаш не бил поголем. Затоа, Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 не треба да се сфати како реакција на предизвиците, туку и како рамка што гледа напред за создавање безбедна дигитална иднина за секој граѓанин, компанија и институција во државата.“

Визијата на Стратегијата е да се изгради безбеден, флексибилен, одржлив и инклузивен дигитален екосистем кој го поддржува економскиот раст, ги штити правата на граѓаните и ја поттикнува довербата во дигиталните технологии.

Андоновски подвлече дека Стратегијата идентификува пет клучни приоритетни области, и тоа Зајакнување на националните капацитети за сајбер-безбедност, обезбедување на критичните инфраструктури и системи, градење на сајбер-отпорно општество, минимизирање на влијанието на сајбер инцидентите и подобрување на националната и меѓународната соработка.

За да се постигнат овие приоритети, стратегијата воведува критични мерки, содржани во детален Акциски план и индикативен финансиски план. Некои од овие мерки влучуваат и: формирање Национален совет за сајбер безбедност, оформување на централизиран систем за одговор на инциденти, проширување на програмите за едукација и обука за сајбер безбедност, искористување на напредните технологии, како што се вештачката интелигенција и машинското учење и развивање правна рамка за сајбер безбедност – усогласена со директивите на ЕУ.

Министерот Андоновски го нагласи високиот влог на неактивноста: „Дигиталната трансформација на нашата држава е суштинска, но исто така е и нашата подготвеност да одговориме на ризиците. Како што видовме од сите досегашни сајбер напади врз критични сектори, заканите со бомби и координираните кампањи за дезинформација – ризикот и опасностите се тука. Тие закани ја нарушуваат довербата на јавноста, ги поткопуваат нашите институции и претставуваат значителен ризик за националната безбедност“.

Стратегијата обезбедува јасен патоказ за справување со постојните ранливости, заштита на критичната инфраструктура и поттикнување на средина каде што бизнисите можат да иновираат, граѓаните ќе можат да напредуваат и институциите можат безбедно да работат.

Успехот на имплементацијата на Националната стратегија зависи од колективниот ангажман. Министерот ги повика сите засегнати страни – владините институции, бизнисите, академската заедница, граѓанското општество и граѓаните – активно да учествуваат во нејзиното спроведување. Дополнително, Министерот го претстави и нацрт-законот за сајбер безбедност, сега достапен на платформата ЕНЕР, за кој течат консултации.

„Денес, правиме голем стратешки чекор кон градење на побезбедна и поотпорна дигитална Македонија – која е подготвена да се соочи со предизвиците на дигиталната ера и да ги искористи нејзините можности.“, заврши Андоновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спектакл во Мелбурн: Ѓоковиќ со пресврт го преслуша Алкараз!
Следна Статија Мицкоски- Спиро: Крипто пазарот и блокчејн технологија во фокус на разговорот- мора да чекориме со големи чекори напред за Македонија да биде повторно горда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава

Поради магла има намалена видливост на неколку патни правци низ државава, соопшти ЈП „Македонија пат“ апелирајќи на внимателно возење. -Намалена…

December 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски со делегација на Безбедносната конференција во Минхен

Премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи владината делегација на Безбедносната конференција во Минхен се очекува за време на форумот да…

February 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“

Во гаснење на пожарот што избувна попладне на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи,…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Преку Табановце ќе одиме со едно застанување

Поедноставување на граничното преминување, поефикасно и побрзо преминување на границите се овозможува преку „One stop control“ на граничниот премин Табановце…

July 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?