Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата отповикува девет амбасадори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата отповикува девет амбасадори
МАКЕДОНИЈА

Владата отповикува девет амбасадори

Објавено January 30, 2025 09:43
Сподели
Сподели

Владата именуваше уште тројца вонредни амбасадори и тоа Андријана Цветковиќ во Јапонија, Драган Ѓурчевски во Хрватска и Димитар Блажевски во Украина. Претходно беше соопштено дека досегашниот надворешник советник за реформи во здравство, нефролoгот Игор Николов ќе биде испратен како амбасадор во Франција.

Драган Ѓурчевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС) во владата на Груевски и имаше партиски ангажман во ВМРО-ДПМНЕ. Бил и дипломатски претставник на државата.

Андријана Цветковиќ беше прва амбасадорка во Јапонија назначена во 2014 година. Има докторирано филмска уметност во Јапонија, а беше и член на жирито и програмски координатор на филмскиот фестивал во Токио.

Димитар Блажевски ќе го пополни испразнетото место во амбасадата во Киев, среде почетокот на разрешницата на војната во таа држава по руската агресија.

Од владата велат дека во исто време владата покрена иницијатива за отповикување на уште девет амбасадори – Светлана Гелевева од вонреден и постојан претставник при Советот на Европа, Јакуп Реџепи од вонреден амбасадор во Босна и Херцеговина, Џенк Сејфула од Шведска, Методија Белевски од Белгија кој е и вонреден амбасадор за Луксембург како нерезидентен Амбасадор; потоа Агнеса Руси Поповска од Бугарија, Емил Крстевски од Чешка, Пајо Авировиќ од вонреден амбасадор и шеф на постојната мисија при меѓународните организации, Зеќир Рамчиловиќ од Црна Гора и Катерина Ставревска од вонреден амбасадор во Обединето Кралство.

Станува збор за амбасадори кои своевремено не ги бранеа тезите пред собраниската комисија за надворешна политика, затоа што Антонио Милошоски кој во тоа време беше претседател на комисијата одбиваше да закаже седница. Потоа со автентично толкување на законот, собранието протолкува дека тогашниот претседател не смеел да го потпише указот за нивно испраќање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Стрелец – четврток, 30 јануари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Јарец – четврток, 30 јануари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во образованието да вклучиме и планинарење и да ја афирмираме филозофијата на здрав живот, истакна Силјановска Давкова

Време е да ги следиме инспиративните примери на државите во кои рекреативното планинарење не само што е интегрирано во програмата…

November 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен оглас за вработување на 600 нови полициски службеници

Министерството за внатрешни работи објави јавен оглас за прием на 600 полициски службеници. I. За засновање на работен однос на…

December 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина

Ве известуваме дека на ден недела, 02.02.2025 г., во 17:00 часот ќе се одржи протест на булевар Партизански одреди, кај…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите и подобрени инфраструктурни услови

Утре започнува новата учебна 2025-2026 година. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?