Во авионската несреќа во Јужна Кореја загинаа сите патници, меѓу кои пет деца, спасени двајца стјуарди

- Advertisement -

Сите 175 патници и четворица членови на екипажот загинаа во авионска несреќа во Јужна Кореја, со што бројот на жртви стигна до 179 лица.

Има двајца преживеани, членови на екипажот кои се спасени и пренесени во болница.

Во авионот имаше 181 лице, од кои повеќето државјани на Јужна Кореја.

Возраста на патниците се движела од три до 78 години, но повеќето биле на возраст од 40, 50 и 60 години, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Според јужнокорејските власти, најмладиот патник бил тригодишно момче. Од вкупниот број на загинати, пет се деца помлади од 10 години.

Владата прогласи период на национална жалост во земјата во следните седум дена. Знамињата на владините канцеларии ќе бидат спуштени, а државните службеници ќе носат црни ленти.

Сподели ја оваа статија