Автопатот долг 98 милји (приближно 158 километри) во Кина е целосно асфалтиран со работна сила од роботи.
Проектот е дел од автопатот Пекинг-Хонг Конг, а користени се напредни машини од групацијата Sany, со што е постигната милиметарска прецизност, пишува The Economic Times.
Автоматските возила ги дистрибуирале каменот и песокот, по што автономните машини вршеле притисок за да обезбедат издржлива површина на патот. Беспилотни летала го следеле напредокот на изградбата за да ја задржат топографската точност.
Според извештаите, роботскиот пристап резултирал со побрза градба и поквалитетни резултати во споредба со традиционалните методи. Успехот на овој проект покажува дека роботите би можеле да играат сè поважна улога во идните инфраструктурни проекти.
На проектот соработувале три државни компании.
Извештаите ги истакнуваат заштедите на трошоците и времето постигнати со овој роботски пристап, иако не се дадени точни бројки, но алгоритмите го оптимизирале процесот на градба, овозможувајќи поголема брзина и прецизност, што го прави овој метод поефикасен од човечката работа.
Проектот е претставен на инфраструктурна конференција, на која 700 учесници ја набљудувале автоматизираната технологија во акција.