Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Македонија ќе се возат српски електрични локомотиви
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во Македонија ќе се возат српски електрични локомотиви
ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во Македонија ќе се возат српски електрични локомотиви

Објавено September 26, 2024 15:33
Сподели
Сподели

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго денеска соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија – Транспорт АД Скопје, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки, јави дописникот на МИА од Белград.

Србија Карго наведува дека овој договор носи бројни придобивки, бидејќи значително ќе го забрза протокот на стоки од грчките пристаништа, како што се Солун и Пиреја, преку Македонија и Србија, што ќе овозможи побрз транзит кон Европската унија.

-Се очекува оваа иницијатива значително да придонесе за зголемување на приходите на двете железнички компании и подобрување на нивните деловни процеси, се додава во соопштението.

Се проценува дека закупот на дополнителни локомотиви на македонската компанија ќе овозможи зголемување на капацитетот на транзитниот сообраќај на Коридорот 10, кој делумно минува и низ Србија.

-Србија Карго генерира дополнителен приход со изнајмување достапни локомотиви, додека Железниците на Македонија со овој закуп обезбедува поефикасен транспорт на транзитни возови, вклучително и оние на големите компании како Коско, обезбедувајќи континуитет на сообраќајот низ Србија, се наведува во соопштението.

Овој договор овозможува полесна и побрза соработка меѓу соседните земји и претставува значаен чекор кон модернизација и подобрување на железничкиот транспорт во регионот, дополнително зајакнување на економските и инфраструктурните врски меѓу Република Србија и Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Продажбата на автомобили во ЕУ опаѓа а во Македонија расте
Следна Статија Никола Мемов од ЗНАМ е новиот директор на ПИОМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Култните скопски хотели „Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба

„Бристол“ и „Јадран“, две стари скопски адреси што одамна не функционираат како хотели, одат на продажба откако Собранието на акционери…

May 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Куманово го слави Денот на народното востание – 11 Октомври

Куманово го чествува празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и 83 години од денот кога беше означен почетокот…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Промена на времето од четврток: Дожд, грмежи и пад на температурите

До среда во земјава ќе преовладува претежно сончево и топло време. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Швајцарија во посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој ќе престојува во официјална посета на…

April 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?