Во САД убиен 17- годишен кошаркар

- Advertisement -

Медиумите во САД утрово пренесуваат трагична вест за смртта на талентираниот 17-годишен кошаркар, Ноа Скери кој бил убиен со огнено оружје. Според информациите на медиумите, Скери бил убиен на патот до училиштето и тоа додека бил во придружба на неговата мајка во близина на неговиот дом.

Од полицијата објавија дека трагичниот настан се случил околу седум часот наутро, а биле испукани 20 куршуми. Засега причината за мотивите за убиството не се познати.

„Овој убиен тинејџер бил исклучителен. Кога во прашање е училиштетото, немаше никакви проблеми со било кој друг ученик. Никој не знае што е причината“, соопштија од полицијата.

Скери настапуваше за средношколскиот тим на Самуел Фелс, а директорот на ова училиште во писмото до семејството истакнал дека неодамна Скери го постигнал најдобриот резултат на тестовите во школската заедница.

Сподели ја оваа статија