Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето

Објавено December 28, 2024 14:39
Сподели
Сподели

Втор протестен марш против аерозагадувањето се одржува во моментов во Скопје на иницијатива на „Зелен Хуман Град“. Протестот започна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува кон Собранието на Република Северна Македонија и кон Владата, а предвидено е да заврши пред бараките на Град Скопје.

Од „Зелен Хуман Град“ имаат имаат четири конкретни барања за борба против аерозагадувањето во Скопје.

– Првото барање е јавен континуиран мониторинг на индустриските објекти за да се знае точно кој и како загадува. Второто барање се однесува на еколошко загревање на објекти како Детската клиника во Козле, која сè уште се загрева на мазут. Третото барање е решавање на автоцентричноста во градот, со приоритет на јавниот превоз и велосипедите над автомобилите и четвртото барање е подобро управување со отпадот, изјави Борјан Јовановски од иницијативата „Зелен хуман град“.

Од првиот протестен марш што се одржа на 10 декември поминаа речиси три недели.

– Две недели од доставените барања, а одговор од институциите уште нема. На кого му служат? Без чист воздух нема здравје! Без здравје нема живот! Ги полниме болниците и ги оставаме своите пари по аптеките, изјавија од „Зелен хуман град“ во најавата за протесот.

Според податоците на УНИЦЕФ, 11,6% од смртните случаи кај новороденчињата во земјава се поврзани со загадениот воздух, што значи дека секое деветто починато дете под една година го губи животот поради аерозагадувањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: СДС, Заев и Филипче свесно му ја препуштија Лотарија на ДУИ, за Груби да прави криминал, а тие да останат власт
Следна Статија Албанија гради „Поградец Марина“- мега проект со платформи, пешачки патеки, тобогани во Охридското езеро: Дали ќе се доведе УНЕСКО статусот во прашање?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Груби ако е чист како солза нека се врати за да докаже на суд

Имаме комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата…

December 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

„Ви упатувам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на народното востание! На денешниов голем празник, уште еднаш им…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 19 илјади неважечки ливчиња регистрирани во вториот круг локални избори

Вчера во Македонија се одржа вториот круг локални избори 2025 година, во кој сите, освен четири општини, избраа градочалници за…

November 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

„БЛЕСОК 2026“ – Воена вежба со 1500 припадници на Армијата, мониторинг и оценка од НАТО

Со учество на речиси 1.500 припадници на Армијата и поддршка од НАТО-монитори, од 19 до 27 април на воениот полигон…

April 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?