Во тек е истрага: Мбапе пријавен за силување?

- Advertisement -

Истрагата за пријавата за силување во центарот на Стокхолм, по посетата на францускиот фудбалер Килијан Мбапе и неговата придружба во тој град, е во тек, соопшти денеска државното обвинителство.

Шведското обвинителство не именуваше имиња, но медиумите во понеделникот објавија дека Мбапе бил „пријавен за силување“.

– Обвинителот може да потврди дека полицијата добила пријава за силување – се вели во соопштението на шведското обвинителство.

Во соопштението се прецизира дека истрагата „за инцидентот“, што се случи на 10 октомври, е во тек.

Мбапе се огласи на социјалната мрежа Х во понеделникот и рече дека тоа е „лажна вест“.

Сподели ја оваа статија