Во училиштето во Шведска убиени најмалку 10 лица, а меѓу нив и напаѓачот

epa09582927 Police stand in front of an apartment block building, the scene of a crime in which one child was killed and another was critically injured after a suspected violent crime in Hasselby, northwest Stockholm, Sweden, 14 November 2021 (issued 15 November 2021). The police suspect the children were stabbed and thrown from an apartment window. Two suspects, both of whom had a relationship with the children, are in police custody. EPA-EFE/Jonas Ekstromer/TT SWEDEN OUT
- Advertisement -

Шведската полиција во вторникот објави дека „околу десет луѓе“ биле убиени во напад во училиште за возрасни во Шведска и дека веруваат дека напаѓачот е меѓу загинатите.

Иако сѐ уште не се познати мотивите на напаѓачот, полицијата изјавила дека верува дека тој дејствувал сам и дека најверојатно не се работи за терористички напад.

Престрелката се случила во Оребро, околу 200 километри западно од Стокхолм, во училиштето Рисбергска за возрасни кои не го завршиле своето формално образование или немале добри оценки за да го продолжат високото образование. Училиштето се наоѓа на кампус каде што има и училишта за деца.

Во престрелката нема повреден полицаец, соопшти полицијата. Брза помош, спасувачки служби и полиција се на местото на настанот, изјави портпаролот на локалните спасувачки служби.

Шведскиот министер за правда, Гунар Стромер, изјави за Ројтерс дека владата е во близок контакт со полицијата и внимателно го следи развојот на настаните.

Шведска се справува со низа престрелки и бомбашки напади предизвикани од проблем со ендемична криминална банда, иако смртоносните напади на училиштата се сè уште ретки.

Десет лица се убиени во седум инциденти на смртоносно насилство во училиштата помеѓу 2010 и 2022 година, според Шведскиот национален совет за спречување на криминалот.

Во едно од најпознатите вакви злосторства во изминатата деценија, 21-годишен маскиран напаѓач, мотивиран од расизам, уби асистент и момче и рани уште двајца во 2015 година.

Премиерот Улф Кристерсон го коментираше нападот:

„Со тага ја примив веста за страшниот чин на насилство во Оребро. Моите мисли се со погодените и нивните семејства. Ова е многу болен ден за цела Шведска. Моите мисли се и со оние чијшто вообичаен училишен ден е заменет со терор.

Да се ​​​​биде затворен во училница плашејќи се за својот живот е кошмар што никој не треба да го доживее. Владата е во близок контакт со Полициската управа и будно го следи развојот на ситуацијата.

Акцијата сѐ уште е во тек и важно е јавноста да ги следи информациите од полицијата. Апелирам и до сите да ѝ го дадат на полицијата мирот што и е потребен за да истражи што се случило и како можеле да се случат овие страшни злосторства“.

Сподели ја оваа статија