Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ
БАЛКАН

Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ

Објавено October 12, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање на првиот кластер во преговорите за членство на Албанија, со што се овозможува одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во вторник (15 октомври) во Луксембург, соопшти унгарското претседателство со Европската Унија.

Албанија ќе биде првата меѓу земјите кандидати за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западниот Балкан, се наведува во соопштението.

Првиот сет на поглавја, Кластерот „Основни вредности“, ги опфаќа фундаменталните реформи, што ќе го трасираат патот за почеток на преговори по другите кластери.

Напредокот по овие реформи ќе го одреди и целокупното темпо на преговорите, потенцира унгарското претседателство.

Во соопштението се додава и дека во пресрет на одлуката на Корепер, вчера во Будимпешта се одржала средба на премиерите на Унгарија и Албанија, Виктор Орбан и Еди Рама, на која тие разговарале за пристапните преговори и се согласиле да продолжат со зајакнување на билатералната соработка.

Корепер минатиот месец реши Албанија да почне преговори за членство со ЕУ по кластери, со што практично земјата е одвоена на својот европски пат од Македонија. Досега двете држави се движеа заедно во пакет кон полноправно членство во Унијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хороскоп за милијардери: во кои знаци се раѓаат најбогатите луѓе
Следна Статија Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Додик ја нарече БиХ пропадната земја

Кризата во БиХ повторно се отвори со изјавата на лидерот на СНСД, Милорад Додик, кој во подкаст на американската новинарка…

June 13, 2026
БАЛКАН

Се чувствував отфрлено од децата, рече Коста на прашањето зошто ги уби соучениците во „Рибарник“

Коста Кецмановиќ, момчето обвинето за масакрот во „Рибникар“ денеска сведочеше во Специјалниот суд во Белград, а во судницата беше и…

October 8, 2024
БАЛКАН

КОНТРОВЕРЗНИ СТАВОВИ: Да се убиваат мигранти на граница е во ред, смета новопоставениот грчки министер за миграција

Грчката влада на Нова демократија, централно десничарска, во вторник објави реконструкција на кабинетот по бранот оставки поради масовна измама насочена…

July 1, 2025
БАЛКАН

ТАКСИМЕТАР КАКО СТОПЕРИЦА – Девојки изненадени од таксито на Копаоник: „Ова го нема ни во Париз“ (ВИДЕО)

За време на зимските денови Копаоник е една од најпопуларните регионални дестинации. Познато е дека цените на оваа планина не…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?