Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во зелката вратена од Хрватска не се пронајдени забранети средства за заштита
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во зелката вратена од Хрватска не се пронајдени забранети средства за заштита
МАКЕДОНИЈА

Во зелката вратена од Хрватска не се пронајдени забранети средства за заштита

Објавено January 23, 2025 11:37
Сподели
Сподели

Контролата спроведена кај производителот на зелката што неодамна беше вратена од Хрватска поради нејзина наводна неисправност и направените анализи покажала дека во посочената земјоделската култура не било детектирана употреба на забранети препарати за заштита. Тоа го посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој во Охрид ги следеше активностите за вештачки мрест на еднемичниот вид охридска пастрмка.

– За пратката вратена од Хрватска веднаш беше интервенирано, беше проверено кој е производителот, кој е извозникот. Преку Инспекторатот за земјоделство направени беа дополнителни контроли, земени се мостри од извезениот градинарскиот продукт. Направените анализи испаднаа негативни односно покажаа дека таков препарат не е употребен во земјоделската култура, рече Трипуновски одговарајќи на прашање на новинарите по однос случајот.

Министерот Трипуновски рече дека не знае дали се работи за некаква грешка на хрватските гранични контроли, но категорично изјави дека во Македонија кај посочениот земјоделец не се пронајдени такви недозволени пестициди ниту анализите покажале употреба на забранети средства.

Тој истакна дека засилени се контролите во делот на илегална односно недозволена трговија со препарати за заштита на растенијата.

– Работиме на проширување на дозволената листа препарати, со цел земјоделците да имаат пристап до повеќе препарати кои се можеби и поевтини и со поголема ефикасност, рече министерот Трипуновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија на 112-то место според военото, економското и геополитичкото влијание
Следна Статија Митева: Мораме да размислуваме за интересите на државата со разумност и одговорност, а не со политика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за време на престојот во Будимпешта, каде се одржа меѓувладина седница, изјави дека не…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонците се Македонци, а не Северномакедонци: Муцунски ја коригираше бугарската министерка

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски реагираше на изјавите на неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова, појаснувајќи дека меѓу нив…

May 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Стражај: Имате горчливо искуство со билатерализација на пристапниот процес, барањата не може да одат во недоглед, на потег е ЕУ

Македонија има горчливо искуство со ставањето на билатералните прашања во процесот на евроинтеграција. Вие со децении се подготвувате за процесот…

November 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба

Претседателката и врховна командантка на македонската армија, Гордана Сиљановска-Давкова на армискиот полигон Криволак присуствуваше и се обрати на воената вежба…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?