Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вооружениот напаѓач кој уби 15 луѓе во Њу Орлеанс служел во американската армија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Вооружениот напаѓач кој уби 15 луѓе во Њу Орлеанс служел во американската армија
СВЕТ

Вооружениот напаѓач кој уби 15 луѓе во Њу Орлеанс служел во американската армија

Објавено January 2, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишникот од Тексас, кој со својот камионет се заби во толпата на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс, убивајќи 15 и ранувајќи десетици други, отслужил 13 години во американската војска, вклучително и во Авганистан.

 Истражителите на ФБИ и локалната полиција соопштија дека Џабар не дејствувал сам и дека ги бара неговите соработници.

ФБИ соопшти дека на камионот имало знаме на Исламска држава и го сметаат инцидентот за можен терористички напад.

 И додека истрагата е во тек, засега нема информации кои би објасниле зошто Џабар, американски државјанин кој пораснал во Тексас, би го извршил нападот во Њу Орлеанс.

Напаѓачот бил убиен на местото на злосторството во размена на оган со полицијата, соопштија официјални лица.

 Џабар служел во американската армија од 2007 до 2015 година како специјалист за човечки ресурси и информатичка технологија, а потоа се префрлил во резервата каде што работел како ИТ специјалист до 2020 година.

Од февруари 2009 година до јануари 2010 година, тој бил распореден во Авганистан. Последниве години работел како агент за недвижнини.

 ФБИ верува дека Џабар го изнајмил пикапот „Форд “со кој удрил во луѓето во популарниот француски кварт рано на новогодишната ноќ пред да излезе и да пука во полицијата.

Тој успеал да ја заобиколи заштитната ограда возејќи по тротоарот, соопшти полицијата во Њу Орлеанс.

 На возилото било пронајдено знаме на Исламска држава, а внатре било пронајдено оружје и потенцијална експлозивна направа.

 – Веруваме дека Џабар не дејствувал сам, изјави на прес-конференција агентката на ФБИ, Алетеа Данкан. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина милијардерката Џоселин Вилденштајн, позната како „жена мачка“
Следна Статија Ова никогаш не се случило досега, шахот има двајца светски шампиони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања

Со нон пејпер Германија и Словенија бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања. Целта, вели словенечката министерка…

December 15, 2024

Судијата Џорџ Шилц ги предизвикува тактиките на имиграциските служби

Искусен судија од времето на Буш ги доведува под прашање имиграциските политики со одлучен пристап

January 29, 2026
СВЕТ

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја. -Немојте да…

December 21, 2025
СВЕТ

Маск предложи тестирање на менталните способности на сите државни службеници во САД

Илон Маск предложи да се воведе тестирање на менталните способности на службениците во САД. Иницијативата доаѓа откако 81-годишната конгресменка од…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?