Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Возачот кој ја усмрти Фросина на Партизанска бил пијан и немал возачка дозвола, поминал на црвено
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Возачот кој ја усмрти Фросина на Партизанска бил пијан и немал возачка дозвола, поминал на црвено
ХРОНИКА

Возачот кој ја усмрти Фросина на Партизанска бил пијан и немал возачка дозвола, поминал на црвено

Објавено January 30, 2025 20:40
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 20-годишник, на 29 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственсот на неговиот татко по десната сообраќајна лента од бул.„Партизански Одреди“.

Меѓутоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.

Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Имаме идеја што ја предизвикало авионската несреќа
Следна Статија Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи

Поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев, и поранешниот организациски директор Нехат Нухи, обвинети во случајот „Онкологија“,…

May 23, 2025
ХРОНИКА

Уапсени малолетници кои со автоматска пушка пукале во куќа во Тетово

На 29.05.2025 во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово -Попова Шапка, на влез во с.Гајре, полициски службеници од СВР Тетово…

May 30, 2025
ХРОНИКА

Двегодишно дете од Битола пренесено на Клинички во Скопје – било нападнато од кучиња скитници

На 06.02.2026 во 15:53 часот во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај…

February 7, 2026
ХРОНИКА

Пожар во стан во Аеродром на Велигден, татко и син завршија во болница

На 20.04.2025 во 05.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?