Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вработен го тужи „Епл“: „Нивните практики се ужасни“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Вработен го тужи „Епл“: „Нивните практики се ужасни“
СВЕТ

Вработен го тужи „Епл“: „Нивните практики се ужасни“

Објавено December 3, 2024 16:20
Сподели
Сподели

„Епл“ се соочува со тужба откако вработените во технолошкиот гигант, наводно, биле прислушувани на „Ајфон“ и „Ајклауд“. Тужбата е поднесена до судот во Калифорнија, од вработен по име Амар Бакта.

Бакта работи во „Епл“ од 2020 година, во одделот за дигитален маркетинг и тврди дека вработените морале да го инсталираат софтверот што им бил потребен за работа на приватните телефони. „Епл“ на тој начин добивал увид во нивната електронска пошта, фото галерии, здравствени податоци, систем за паметни домови и слични податоци, кои вработените не секогаш сакале да ги споделат.

Во тужбата се наведува и дека на вработените во „Епл“ со договор им е забрането да зборуваат за работните услови надвор од работното место, па затоа не смеат да се обраќаат ниту на медиумите. На пример, на Бакта не му било дозволено да спомнува како е на работа во подкаст, а од него било побарано да ги отстрани објавите на „Линкдин“ во кои тој се осврнува на ситуацијата во „Епл“.

Затоа, во тужбата се наведува: „Практиките и системите за надзор на „Епл“ се фрапантни и незаконски ја ограничуваат конкуренцијата, слободата на движење на вработените на пазарот на трудот, слободата на говорот и ги спречуваат свиркачите да се појават“.

Жалбата се однесува и на контролата на „Епл“ врз користењето на социјалните мрежи и апликацијата „Слек“, преку која вработените меѓусебно комуницираат, пренесува „Њуз Бајтс“.

Портпаролите на „Епл“ ја отфрлаат тужбата како неоснована и нагласуваат дека вработените во компанијата секоја година поминуваат низ обука на која повторно се запознаваат со нивните права и слободи.

Сепак, ова не е прва тужба на вработени против „Епл“. Од многу слични причини веќе се поднесени три во кои исто така е наведено дека на вработените им е забрането меѓусебно да се жалат за проблеми како родова дискриминација и нееднаквост во платите, а во јуни две вработени жени поднеле тужба токму поради дискриминација со истиот правен тим што го застапува Бакта.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еден од девет смртни случаи кај децата до една година е поврзан со загаденоста – ќе се протестира на 10 декември
Следна Статија Комплексот „Македонско село“ нема повеќе да скапува, напролет повторно ќе прима посетители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Најмалку 95 лица загинаа во поплавите во Шпанија

Најмалку 95 луѓе загинаа во големите поплави што ја зафатија Шпанија, што ја прави најголемата природна катастрофа што ја погодила…

October 30, 2024
СВЕТ

Стапува во сила новата такса за работна виза за САД

Новата такса од 100.000 долари за визи H-1B во Соединетите Американски Држави, која стапува во сила денеска, ќе се наплаќа…

September 21, 2025
СВЕТ

Првпат Washington Post нема да поддржи кандидат на претседателските избори во САД

Првпат по многу децении, The Washington Post нема да поддржи кандидат на годинешните претседателски избори, објави во петокот издавачот на…

October 26, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Масовен протест за Газа во Сиднеј: Демонстрантите носеа тенџериња и тави како симболи на глад

Денеска во Сиднеј се одржа пропалестински протест, на кој учествуваа десетици илјади луѓе, повикувајќи на мир и доставување помош до…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?