Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вреди да се биде оптимист зошто конечно имаме исчекор и агенда, порача претседателката за Реформската агенда на Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Вреди да се биде оптимист зошто конечно имаме исчекор и агенда, порача претседателката за Реформската агенда на Владата
Blog

Вреди да се биде оптимист зошто конечно имаме исчекор и агенда, порача претседателката за Реформската агенда на Владата

Објавено November 9, 2024 09:31
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која беше презентирана Реформската агенда на Владата (2024-2027), којашто се однесува на Планот за раст на Европската Комисија.

Во своето обраќање, Претседателката порача дека е неопходна поголема соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции и дека Комисијата треба да се отвори и да ја зајакне соработката со сите инволвирани во процесот на евроинтеграциите, вклучувајќи го невладиниот сектор, експертската јавност и претставници од ЕУ.

Претседателката нагласи дека македонската реформска агенда е најдобро оценета од Комисијата, што претставува добар влог и дека се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ.

Мислам дека вреди да се биде оптимист. Зошто вреди да се биде биде оптимист? Вие знаете колкупати јас сум ја критикувала Европската Унија дека немала, после Солун, вистинска стратегија за Западен Балкан, дека доцнела, дека не преземала одговорност. Ова е мислам еден исчекор. Значи имаме агенда. Агендата, односно нејзиното спроведување, велиме дека не е невозможно, разбрани сме, нè поддржуваат, нагласи претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи увереност дека Планот за раст и реформската агенда ќе можеме да ги направиме реалност, што особено позитивно ќе влијае на довербата кај граѓаните.

Претседателката порача дека Планот за раст е за поздравување бидејќи претставува своевидно содружништво, односно партнерство помеѓу Европската Унија и Западниот Балкан, учење во од, со финансиска помош, со советување и со оценување, каде резултатите ќе бидат заеднички, но и одговорноста споделена.

Во тој контекст таа посочи дека ова е можност да бидеме дел и од заедничкиот европски пазар. Во контекст на финансирањето, Претседателката потенцираше дека тоа мотивира, но домаќински е да не биде авансно, туку врзано со постигнатите резултати.

Во таа насока таа ја истакна улогата на Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, важноста на постоењето на интегриран систем на мониторинг, односно контрола врз трошењето на финансиските средства и ревизија врз внатрешниот систем на контрола.

Осврнувајќи се на роковите, Претседателката посочи дека роковите се строги, но дека тоа значи дека ЕУ верува во нашата способност. Според неа е логично до Нова Година да се донесат двата закони, за буџети и Закон за јавна контрола врз внатрешната контрола, што е услов за ослободување на средствата за претфинасирањето.

Говорејќи за начинот на плаќање 1/3 грант и  2/3 кредит, Претседателката посочи дека ова е секогаш најважно за опозицијата и во овој контекст ги охрабри да критикуваат.

Во обраќањето таа истакна и дека мора да се стави крај на злоупотребата на европското знаменце и ја нагласи хармонизацијата со директивите и регулативите на ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Силен земјотрес го погоди југот на Италија
Следна Статија Пазарната вредност на „Тесла“ достигна трилион долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

„Навредите не се навивање“ – Силјановска Давкова со остар став за говорот на омраза на спортските терени

По искажаната навивачка омраза, прво за време на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и ТНС, а потоа и на кошаркарскиот меч…

August 5, 2025
Blog

(ВО ЖИВО) Мицкоски гостин во Отворено студио ,,100 дена Влада” на МРТВ

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски вечерва гостува во „Отвореното студио“ на МРТВ, во присуство на повеќе уредници на национални…

October 7, 2024
Blog

Европска централна банка: Повторно функционираат платните трансакции во евра

Европската централна банка (ЕЦБ) вечерва извести дека „инцидентот е решен“ и дека TARGET 2 Securities (T2), систем за порамнување хартии…

February 27, 2025
Blog

Кадиевска Војновиќ ја открива позадината на ,,Војната со царини” на Трамп

Во колумна со наслов „КРИПТОМЕРКАНТАЛИЗМОТ“ НА ТРАМП – Трговската војна со војната за доминација на американскиот долар, Кадиевска Војновиќ ја…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?